03.08.2012, 17:00 Готвење по 22 часот, од парно нема исклучување
Не стивнуваат реакциите откако Регулаторната комисија ја укина дневната евтина тарифа, а со новиот Правилник тешко ќе оди исклучувањето на парното
Маја Томиќ
Не стивнуваат реакциите откако Регулаторната комисија ја укина дневната евтина тарифа, а со новиот Правилник тешко ќе оди исклучувањето на парното, а и оние што се веќе исклучени ќе мора да плаќаат по 10 денари од квадратен метар.
Со укинувањето на евтината, дневна тарифа на струјата, ќе се сменат и животните навики на граѓаните. Пред се' на пензионерите, невработените, мајките на трудничко боледување и социјално загрозените категории. Тие нема да можат како до сега, колку-толку да заштедат струја преку ден, односно од 13 до 16 часот да зготват ручек, да ја вклучат машината за перење, бојлерот или да испеглаат алишта.
И додека на граѓаните им врие главата од зголемувањето на цените и деновиве постојано го искажуваат својот револт по медиумите, нема никакви реакции од „Топлификација“ и од ЕВН „Македонија“ во смисла да предложат измени на новите одлуки на Регулаторната комисија. Познато е дека таа им ги одобри барањата за зголемување на цените затоа што имале зголемени финансиски трошоци поради поголемиот увоз, а така требало да биде бидејќи имало голема потрошувачка. Па, нивната финансиска дупка сега ќе ја пополнуваат граѓаните преку подебелите сметки.
И додека луѓето се чудат како да ги издржат зголемените трошоци, од ЕВН велат дека е дојдено време за да се сменат навиките и дека во европските земји одамна нема евтина струја преку ден.
„Со тоа што ја укинавме дневната евтина тарифа, сакаме да стимулираме штедење, а не трошење. Не може да се троши најмногу енергија попладне што значи дека се набавува д��евна струја, а таа е најскапа. Мора да се сменат навиките, енергијата треба да се троши балансирано и само навечер да се користи евтината тарифа. Така е во многу европски земји“ велат од ЕВН.
Од таму велат дека останува евтината тарифа која е од 22 навечер до 7 часот наутро и цел ден во недела.
Додека Владата и Регулаторна молчат на сите реакции на граѓаните, вчера се огласија партиите, сите барајќи Регулаторна да ги повлече правилникот за парно греење и новиот тарифник за струја. ВМРО- НП ја посочија Владата како главен виновник за поскапувањата.
Според Демократски сојуз пак, со новиот правилник изготвен од Регулаторната комисија за енергетика, се засилува монополската позиција на „Топлификација“, а на граѓаните им се наметнуваат нови обврски.
Од Организацијата на потрошувачи на Македонија, ОПМ, велат дека официјално ќе реагираат в понеделник.
„Ќе ги разгледаме новите правила и ќе дадеме стручен осврт и критика, со можност некои одредби да се оспорат пред Уставниот суд. Нашето мислење во врска со новиот правилник за топлинска енергија воопшто не е земено во предвид од страна на Регулаторна“, велат од ОПМ и додаваат дека Регулаторна во екот на годишните одмори носи одлуки за поскапување за да ги намали реакциите од граѓаните.
|
Статијата е прочитана 2373 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
jovan, 04.08.2012 00:22:59 | Tek sega ke ima eden kup nepravdi. Ima dosta stanovi koj ili ne se prodadeni ili se prodadeni no nikoj ne zivee vo niv, pa sega ke mora i tie da se great(za da ne gi ostetat komsiite), ili pa, ako ne se great(gi isklucat i ne plakaat) togas povtorno ke imame selektivnost. Zamislete nekoja firma koja ima 10-15 neprodadeni stanivi, sega ke mora da gi gree (ili plaka na Toplifikacija i za negreenje), pa kaj ke i bide racunot na taa firma. Ako vakvite slucaevi(firmi) se toleriraat(najverojatno), togas ke imame edna ogromna nepravda. Vtoro, golem broj iskluceni korisnici nema da plaka smetki i ponataka, pa koga ke se natalozat smetki i koga tie smetki ni preku Sud ne ke mozat da gi naplatat, povtorno ke imame daj sta das, oprostuvanje na dolgovi, kamati... So drugi zborovi, ova ke bide samo eden nov prisilen arac vrz cesnite gragani. |
| Весна.С. од Прилеп, 04.08.2012 01:14:03 | Колумните за струјниот удар и парното како и одговорите на евн ви се исти зошто не го прашате грујо за сиромаштијата и новите цени на струјата и парното зошто не го прачате како ќе се грееме во зима додека почниме да го користиме гасот од јужниот тек -дали ќе останиме живои тоа да го доживееме . |
| Симеон, 04.08.2012 01:27:39 | Јас го исклучив парното и си заминав во туѓина зашто останав без работа. Многу ме интересира како ќе ми наплатат арач за спас на Ладнификација |
| Dragan, 04.08.2012 01:47:28 | А никој не спомнува за евтината тарифа за државни празници. Што стана со неа? Или неа ја укинаа од порано?
Исто така, треба да се спроведе темелна антикорупциска истрага на членовите на Регулаторната комисија. |
| jean luc picard, 04.08.2012 03:40:54 | луѓето плукаат само по ЕВН а никој не кажува дека и државните(!) ЕЛЕМ и МЕПСО исто така бараат покачувања и тие всушност лапаат најголем дел од колачот. невиден криминал и проневери се прават со увозот на струјата кои на крај ние го плаќаме! доста е веќе! ако после ова изживување вмр-ОВЦИТЕ не ги изгубат изборите значи не заслужуваме ни држава ни да постоиме како народ! |
| rade, 04.08.2012 10:28:24 | neli ustavot resi nesto..kako toa da nese pocituva ustavna odluka???kako vtoro makedonec nema standard da se gree na parno,5ilj za parno a penzija ili plata 8-12ilj zamislite koga ce pa,ti smetki mu ostanuvat 2-3ilj za jadenje,obleka,transport,lecenje.....a sto so tie sto se vo stranstvo zamislete defekt i cela zgrada ce bide poplavena........... |
| valderama, 04.08.2012 10:44:04 | Vazno se vozat penzionerite bespari vo Petok. Ima resenie za poskapuvanjeto na strujata, Penzionerite vo zima Vo Petok cel den da se vozat vo avtobusi za da ne trosat struja doma za greenje.
Sega da ja ostavime strujata tuku koga ke ja gradite zgradata do EVN. |
| tefice, 04.08.2012 13:40:16 | Bravo perfidna igra na vladata i EVN so regulatorna.Nemozeva da pocekava da go obyavat vo raboten den,nema vize vladat od kade da molze pari sekna udri po narodot.Dali ednas ke se osvesti ovoj narod za kogo glasl.Zasto ne ja ukinat i grafata za moknos i taa e ostanata od Jugoslavija no toa go premolcuvaat im odgovara se polni bucetot. |
| Ајван Доктор®, 04.08.2012 16:02:01 | Поминете поред „гордите“споменици и „барокните“згради!Сите се осветлени со по неколку десетици сијалици!Тоа секако не се штедливи сијалици,туку сијалици чија јачина далеку ја надминува онаа за домашна употреба (75-100 вати)!Поминете крај „фонтаната на победата“и крај водоскоците во Вардар!Колку галони вода се трошат?Водоскоците,сигурен сум,не ја користат водата од реката,туку се приклучени на водоводната мрежа!Ќе поскапи ли и водата?Ако знаеме дека владата е најголемиот должник во државава и притоа и најпривилегиран (со можност за исплата на своите долгови да доцни и по неколку години)се поставува прашањето дали граѓаните се тие кои (ќе) им ја плаќаат сметката!?Тие долгови се огромни и мора на некој начин да се подмират,а најлесно е преку грбот на граѓаните!Не нè вратија во славната антика,туку во праистотијата!Гордо Македонијо!Малку ти е народе!Треба да ви стават и превозот и криминалот да им го плаќате! |
| gragjanin, 04.08.2012 16:59:16 | Mene celata ovaa cirkuzijada so regulatornata komisija ne mi vleguva vo glava,Pa normalni li si tie lugje,kako ke gi nateraat gragjanite koi se isklucile od parnoto greenje da plakaat nesto sto ne koristat.Ke im odat li po domovite so pistoli za da naplatat nesto sto ne moze nikako da se naplati.I na krajot koja e taa regulatorna komisija izvadena od naftalin od vremeto na dogovornata ekonomija vo socijalizmot da ni prodava rog za sveka.Znae li pretsedatelot na komisijata deka socijalizmot odamna propadna i deka ziveeme vo kapitalizam i deka takvi stosovi veke ne pominuvaat kaj gragjanite.!! |
| Крт, 04.08.2012 21:38:30 | Кај се сега ,,Павел Шатев,, и ФЕЛИКС да ја објават најновата рејтинг листа на мистер рејтинг, алијас Грујо. Овие од регулаторна се нафрлија врз народот како касапски кучиња и глодаат ли глодаат.Секој почеток има крај, ама нечиј крај ќе биде многу ,,славен,, и болен. Ако ја укинаа дневната тарифа зошто едноставно не ја споија со ноќната и истата да почнува од 20.часот па се до О8. наутро. Зборот СИКТЕР од власт ќе виде многу МИЛОЗВУЧЕН! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -4°C
Магла
|
Вторник
Делумно облачно
Макс: 8°C, Мин: 0°C
|
Среда
Облачно
Макс: 10°C, Мин: -1°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (36)Тито во дилема дали да се разведе од Јованка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|