24.12.2012, 14:03 „Битлси“, Џегер и Бекам може да завршат на банкнота од 10 фунти
Англиската банка објави листа од 150 заслужни Британци кои конкурираат да им се појави ликот на следната серија на банкноти
Челниците на Англиската банка објавиле листа од 150 заслужни Британци кои конкурираат да им се појави ликот на следната серија на банкноти.
Некој од кандидатите ќе го замени Чарлс Дарвин, познатиот научник чијшто лик сега се наоѓа на банкнотата од десет фунти. Меѓу номинираните се наоѓа Мик Џегер, лидерот на „Ролингстоунс“, сите четворица членови на „Битлси“, како и Роби Вилијамс.
Од спортистите се предложени Дејвид Бекам, играчот на крикет Мајкл Вон и рагбистот Џони Вилкинсон. Меѓутоа, како најголеми фаворити се сметаат Вилијам Шекспир, Винстон Черчил, Леди Дијана и Алан Туринг, човекот кој прв успеал да ја разоткрие шифрата со која комуницирале германските војници во текот на Втората светска војна.
На листата уште се наоѓаат Џон Клиз, Стивен Хокинг, Александар Флеминг, Тери Воган и многу други... Кои ќе се најдат на Ф-серијата на банкнотите ќе се знае следната година, за неколку недели. |