Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
26.12.2012, 14:27
Проектот „Љубојна брас фантази“ сега и на ЦД



Групата „Љубојна“ денеска го промовираше новиот албум во соработка со дувачки оркестар и женска пејачка група

Дел од музичките бисери од егејскиот крај на Македонија, го чинат најновото ЦД на македонската група „Љубојна“ кое денеска ја доживеа и официјалната промоција во кафеаната „Пелистер“. Овој албум веќе ја имаше својата концертна презентација, најпрвин во Битола, на затворањето на манифестацијата „Илинденски денови“, а потоа и во Скопје пред еден месец во рамките на манифестацијата „Есенски музички свечености“. Станува збор за проектот „Љубојна брас фантази“ кој како што кажува и самиот наслов, претставува соработка меѓу членовите на „Љубојна“, пејачката Вера Милошевска и контрабасистот Оливер Јосифовски, со дувачки оркестар и женска вокална група од КУД „Илинден“.

Овој свој најнов проект „Љубојна“ го опишуваат како музика во духот на средоземно-морската култура, која ја пеат со голема љубов со цел да се открие и доближи нејзината големина и раскош до слушателот. „Не за да ја обнови традицијата, туку да го разбуди она што сите го носиме во себе, а тоа е ’гола‘, радосна музика“, велат „Љубојна“.

На албумот се сместени седум нови композиции, а издаден е за етикетата на Центарот за култура од Битола и БЗЦ („Бајро закон корпорејшн“). Меѓу бисерите на егејската музика, на албумот се наоѓаат песни како „Мори чупи костурчанки“, „Твојте очи Лено“, „Крена Мартината“, „Моме оди за вода“, „Филка мома“...

„Егејската музика од пејачки аспект е голем предизвик“, рече пејачката Вера Милошевска на промоцијата. „Тоа е преубава, медитеранска музика која во бројни нијанси се разликува од музиката на Вардарскиот дел. Овој проект ме потсетува на брод, преполн со музика, и го носи авантуризмот на културите кои виреат и се создаваат на море. Всушност, целиот албум е во љубовен, романтичарски манир, бидејќи песните го носат духот на на романтизмот, од крајот на 19 и почеток ва 20 век. За мене е интересно што сите композиции го носат она чувство кое кај нас е познато како севдах, што значи чезнеење по љубовта. На дискот се најубавите љубовни бисери на егејската музика кои од скоро време се популаризираат кај нас“, истакна Милошевска.

Песните од Бапчорки, Воденки, Мегленки, Костурчанки..., сега низ очите на „Љубојна“ отвораат нова страница во македонската звучна литература.

ЦД-то е снимено од Ален Хаџи Стефанов, миксано е во студиото „Подрумот“ од Хаџи Стефанов и Ангел Ќосев, а продуцент е Оливер Јосифовски.

Милошевска информираше и дека е дел од една музичка компилација со најдобрите гласови од Балканот, која ја издаде Регионалниот совет на Југоисточна Европа за соработка. (Т.И.)

Статијата е прочитана 362 пати.


Испрати коментар



Отворена изложбата „Археолошка Македонија 2012“
Поддршката на македонскиот роман е нула
Витни Хјустон убиена од дилерите поради долг?
Мјузикл за Тоше Проески
Каролина - лице на новиот календар на „Пелистерка“
Фотографии од „Твитеркалендар 2013“ на продажна изложба
Новогодишен гала-концерт на Филхармонијата
Адел го заштити нејзиното име
„Јадро“ го брани демократскиот социокултурен простор
Се обновува Драмската програма на Македонско радио - Радио Скопје
„Ангелите“ голи за шпанскиот „Вог“
Во „Мала станица“ изложуваат шест автори
„Фрик фестивал“ со гости од Белград
„Битлси“, Џегер и Бекам може да завршат на банкнота од 10 фунти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Петок
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: 0°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 3°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (38)
Даријана на Тито – југословенската Мадам де Помпадур.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ФОТО) Нема квалитетен воздух, нема живот
Здружението на граѓани „Гоу грин“ и средношколци маршираа по улиците против неодговорниот однос на надлежните и индустри...
Каде за Нова година?
Угостителите и локалите нудат се' и сешто, но, сепак, примарна задача ќе биде да не останете шворц до наредната плата. В...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |