26.12.2012, 17:29 Глобалист
Македонска галерија на срамот
Љупчо Поповски
Во соочувањето со моралните вредности на своите постапки, многумина по оној траурен ден треба да си го постават основното прашање – колку сме ние демократи во себе и колку веруваме во клучната заповед на секоја демократија – онаа за слободен печат
Повеќе луѓе треба да црвенеат од срам поради нивната улога во Вартоломејскиот ден што се случи овој понеделник. Лилјана Поповска, тој фалшлив борец за правата на жените и за еколошките стандарди, се обиде да ја спречи пратеничката на СДСМ, Маринела Тушева, да ja снима со мобилен телефон драмата кога опозициските пратеници беа брутално извлекувани од пленарната сала на Собранието од луѓе кои не се дел од обезбедувањето на законодавниот дом. Кога тројца луѓе ја влечеа по земја повредената Радмила Шекеринска, Лилјана Поповска се обиде да спречи овие вознемирувачки слики да се појават во јавноста. Наместо да се обиде да ја спречи оваа бруталност, Лилјана Поповска мирно седна во фотелјата (исто како и нејзините коалициски партнерки) и ги гледаше и слушаше пискотниците. Никогаш нема да дознаеме што се' поминувало тогаш низ главата на Поповска, но сега веројатно е свесна дека нејзината самоодредена улога на катализатор на правата на жените е загубена во немото соучесништво во овие сцени на ужасот.
Tаа вчера се обиде да тргне дел од срамот од својата наметка, но не кажа ни збор за драмата која бараше да не се снима, туку повеќе зборуваше за блокадата на буџетот и дека државата се бранела од неодговорни луѓе, јасно правејќи дистинкција дека таа е одговорната жена, а не оние што беа тепани.
Народниот правобранител Иџет Мемети уште вчера почна да ја преиспитува својата улога на општествен борец на правата на човекот, затоа што такво драматично нарушување на тие права се одвиваше токму пред неговите очи. Можеби си помислувал каква била таа негова злокобна среќа вториот мандат да го добие на денот кога Македонија западна во длабока конфузија. Како ништо да не се сл��чило во салата пред тоа, бранителот на човековите права и' се заблагодаруваше на Владата што одобрила повеќе пари за институцијата што ја води. Зарем имало потреба да се мисли за невидениот преседан во пленарната сала, за спречувањето на опозициските пратеници да присуствуваат на седницата, да бидат кинети нивните палта, блузи, да бидат удирани по нозете, крвнички влечени за рацете. Мемети имаше други мисли – како да не ја упропасти шансата за нов мандат. Правата на пратениците можат да почекаат кога ќе се врати во старата фотелја.
Треба да се засрамат оние неколку сдсмовски пратеници кои рипаа преку масата на спикерот Трајко Вељаноски за да се обидат насилно да го спречат да ја води набрзина закажаната седницата, на која се разгледуваше буџетот за идната година. Моментите на гнев кај Стојко Пауновски можат да предизвикаат однесување кое не прилега, кое е надвор од регуларните постапки за избраници на народот. Скокањето по масата на спикерот беше од грдо погрдо. Гневот од играта на Вељаноски не може да биде оправдување за тоа што го ставија спикерот во неверојатна ситуација да мора да биде извлекуван од неговото обезбедување. Опозицијата може да вика, протестира, да ја напушти седницата и да го бојкотира Собранието, но не може да се доведе во ситуација да презема акции кои се заканувачки за спикерот.
Откако Трајко Вељаноски се смири во својот кабинет (а можеби испи чаша вода со шеќер за да го намали стресот), ја издаде наредбата новинарите да бидат исфрлени од галеријата, затоа што требаше да биде остварен клучниот дел од планот – да нема опозициски пратеници во салата, а никој од јавноста да не го види тоа. Начинот на кој беа исфрлени од галеријата (кога обезбедувањето се претставуваше како жртва на наредбите, а не како сатрапи на новинарските слободи) не може да се спореди ниту со третманот на новинарите во ужасната војна во Сирија. Ова е најтемната дамка, подобро речено, црна дупка за македонскиот журнализам и правата на слобода на печатот во последниве 20 години. Трајко Вељаноски ќе остане забележан во колективната меморија на новинарите кој единствен се осудил да примени (или да спроведе нечија наредба) таква постапка, со која засекогаш ќе остане на врвот на столбот на срамот каде што се забележуваат прекршителите на основната премиса на секое слободно општество – слободата на печатот.
Камерите од мобилните телефони го фатија во речиси филмска секвенција самопрогласениот демократ Илија Димовски како ги гризе усните и засрамено ја наведнува главата откако погледна кон галеријата и ја виде мрачната слика – како неколку луѓе од обезбедувањето насила го извлекуваат претседателот на Здружението на новинарите, Насер Селмани, кој беше таму службено како репортер; како му ја виткаат раката и го исфрлаат низ вратата. Лошиот квалитет на сликата не можеше да покаже дали лицето на Илија Димовски било вцрвенето од срам. Но, сигурно си мислел – како утредента да им излезам на очи на луѓето со кои секојдневно сум во контакт поради функцијата што ја вршам. Утредента го немаше никаде, пропадна, не можеше да каже ниту еден збор.
Во оваа бригада на булките, за кои не знаеме дали ќе се вцрвенат, посебно место има Ермира Мехмети. Нејзините изјави остри како брич извираа како вруток кога требаше да ја нападне партиската колешка и јатрва Теута Арифи по заклучокот на Европската унија, кога не добивме датум за преговори. Но, смислуваше јазична еквилибристика да ги објасни страшните сцени од салата. Неброено пати сме слушале дека жената е поставена на посебно место во албанската заедница. Дали тоа се однесува само на албанските жени, а не и на оние од опозицискиот камп кои беа влечени по земјата од грубите агенти, не знаеме. Можеби Ермира Мехмети, како и нејзината јатрва Теута Арифи (која изјави само дека нема коментар за настаните во Собранието), го имаше на ум соопштението на нејзината партија ДУИ, во кое таа ги повика „политичките партии од македонскиот опозициски блок ’Сојуз за иднината‘ да ги спуштат тензиите со цел да се создаде амбиент за продолжување на реформите, согласно со препораките на ЕУ“. Ермира Мехмети, која важи за слободоумен глас во својата партија, се обиде да стави уште некоја лопата бетон во вазалската улога на нејзиниот лидер Али Ахмети во коалициската влада. Нејзината улога и онаа на Теута Арифи во овие срамни настани одат на сметката на директна штета на проектот на интегративците – тие да го скршат арктичкиот мраз за нашето членство во НАТО и во ЕУ. Би било интересно да знаеме какви одговори ќе смисли трустот на мозоци на ДУИ кога Теута Арифи или Фатмир Бесими ќе бидат прашувани во Брисел и во Вашингтон како е можно новинарите на клоци да бидат бркани од собраниската сала.
Двајцата англосаксонски питомци, човекот од Вашингтон, Зоран Ставрески, и магистерката од британски Кентербери, Гордана Јанкулоска, се специјални гости во оваа македонска галерија на срамот. Министерката за внатрешни работи влезе во собраниската сала за да го контролира на самото место развојот на настаните и да издава задолженија (иако се работеше за расправа за буџетот), а министерот за финансии даваше наредби со рака колку што е можно побрзо да се исчисти просторијата од „народните непријатели“ – пратениците од опозицијата. Како би реагирале неговите претпоставени во Светска банка во Вашингтон ако ја видат оваа слика кога министер за финансии дава налог за експресно чистење на опозициски пратеници од собраниската сала можеме само да претпоставиме. На професорите на министерката од Универзитетот Кент веројатно ќе им се крене косата на главата кога ќе видат дека нивен ученик може да гледа со мирна совест како се влечат жени по подот и тоа не кои било, туку меѓу нив и онаа што ја знаат сите во Европската унија и со радост ја чекаат за секој разговор. Но, така е тоа - ако учиш демократија во колепката на светската демократија, не значи дека си приврзан и решен да применуваш демократски начела. Затоа, во соопштението на на МВР ќе напишеш дека „собраниското обезбедување според сите протоколи за работа постапи крајно професионално и создаде ред во салата, овозможувајќи мнозинството пратеници да работат“ и дека „следеа обиди да се инсценира како некои пратеници, наводно, биле нападнати, иако од видеонадзорот јасно се гледа дека немаат контакт со обезбедувањето“. Срамно соопштение? Па, кој веќе мисли да се срами во оваа земја на целосно поништени вредности.
Претседателот на државата, како да е јапонски цар, беше скриен во одаите на Водно и одлучи само преку соопштение да му се обрати на народот. Не биле послушани неговите предупредувања во годишното обраќање целото општество да не биде заложник на неодговорно однесување. Но, не се осмели да каже дека она што им се случи на новинарите е скандал од највисок степен во една демократија, туку, исто како и премиерот, изрази само жалење. Доколку застане, како што му прилега на она што би требало да биде – совест на нацијата, Ѓорге Иванов, треба да отиде во Здружението на новинарите и заедно со неговите раководни луѓе да рече дека тој е прв на браникот за одбрана на основното начело – слободата на медиумите.
И на крај, за една посета што не' очекува по Божик. Медијаторот Метју Нимиц треба да дојде во Скопје и во Атина со можни нови предлози. Во обраќањето до нацијата во понеделникот вечерта, премиерот Никола Груевски изјави дека издржувал многу во неговиот живот, во што биле вклучени и притисоците за промена на името. Но, опстојал само од една причина - оти народот бил со него. Ваквата изјава однапред ја прави беспредметна посетата на Нимиц, а го поништува и заклучокот на Европскиот совет за можните фази за стигнување до датум за преговори. Освен ако тоа не била испревртена порака за да ја сврти наклоноста на јавноста кон себе.
|
Статијата е прочитана 5279 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 27.12.2012 00:20:43 | Ilija se falese, Pope go stori: gi spruzi na naslovna! Na stolbot na sramot, tamu kade sto im e mestoto. |
| Nekoj od nadvor, 27.12.2012 00:42:45 | Mi se dopaga tekstot, konechno otvoreni i zdravi mislenja. Makedonija mnogu docni so ovie procesi i se nadevam deka sepak se ke se resi na civiliziran nachin. Vcehra duri nekoj reagirashe na mojot tekst deka vo tursko nasiot covek molchel i so arno sakal da gi reshi problemite i nisto ne bidnalo. Ubavo bi bilo da se potsetuva narodot deka denes e 21 vek i tokmu denes dijalogot e osnova za resavanje na bilo kakvi problemi (barem vo Evropa) Makedonija se uste nikako da se oslobodi od balkanskiot mentalitet a zasilen vo poslednive 20 godini od poznati prichini. Odnesuvanjeto na opozicijata so odenje na ulica spored mene ne e dobro, treba da se sedne i razgovara. Vsusnost na Makeodnija i trebaat drugi luge vo politikata. |
| Европа, 27.12.2012 00:52:06 | Кој не ја познавамилозвучната госпоѓа пратеничка скапо ќе ја плати. Дека нејзината демагогија е безгранична и не беше нешто непознато, но нејзината суровост и безчуствителност ја откривме. Страшно!!! |
| Budzetot mozeshe da se prolongira, no ne i kreditot, a so toa i opstanokot na vlasta. Od tuka izbi setiot sram., 27.12.2012 01:23:20 | Ubavo opishan celokupniot sram, osven za Dimovski, koj nema nikakov sram i chija kolumna ete ja vo Dnevnik. No sramot na Dimovski, Horhe i na celokupnata opozicijata e nula spram sramot na onoj shto naredi i izvrshi onakva brutalnost kon opoziciskite pratenici. Da ne zborime vo rakavi, se raboti za Gruevski, a spomenatite Stavre, Goca i Veljanovski se samo izvrshiteli. Bez negovo znaenje i odobrenie nikakva odluka vo ovaa drzava ne se donesuva, ponajmalku vaka opasna i strashna odluka. Toj momentno slavi, bez sram i zagrizenost, no jas ne bi mu bil vo kozata. Neka mu e Gospod na pomosh! |
| Niko, 27.12.2012 02:30:52 | Pa VMR-ovcite ako ne mozat da mavaat na dusmanite mozat da gi tepaat svoite. Ex bre kafanski vojvodi, vistinskite borci za makedonija mora da se prevrtuvaat vo grobovite. |
| zagrizen, 27.12.2012 03:55:54 | Dobar tekst Gospodine Popovski,no dali toj moze da dopre do armirano zacementiranite mozocinja na kafanskite vojvodi(like za Niko)?Tesko,duri neverojatno!Kakvi samo demagogii se iznacitavme i iznagledavme vo poslednive 2 dena.Tragikomicno.Izleguva da novinarite gjoa spremale drzaven udar,bidejki si sedea na rabotnite mesta.Sega kao ne se znaelo koj dal naredba.Molam?Kako da se komentira dirigiranjeto na vicepremierot(mu falese samo svastika na desnata raka) i ministerkata do nego pri teroristickiot akt na isfrlanje na narodnite pratenici od narodniot dom.Ocigledno e deka drzavnata kasa e crna dupka,pa morase da se zemaat krediti.Znaci problemot e vo narkomanskata zavisnost na ovaa prerodbenicka vlada od strani krediti,kako bi opstanale.No do koga?Feliks ke kaze za MMF i SB,a jas mu velam,pogledaj go i procitaj go John Perkins,vidi go dokumentarecot Tezina na lanecot,a ne se raduvaj ako SB i MMF te tapkaat po ramo.Tie i barat zavisnici,kako generacii bi ziveele vo finansisko ropstvo. |
| jankula, 27.12.2012 04:54:08 | Текстов е добар, ти го разбирам ставот потполно. Ова што се случи е политичка елементарна непогода. Култура минимум, демократија нула. Ама па и опозицијата неможам да ја сватам никако. Нивно е да критикуваат, да бараат грешки и да укажуваат на истите, да се пенават по совети, да се расправаат. Тоа е сосема легитимна работа. Ама па пред 18-19 месеци имаше избори и изгубија. Треба да ги почекаат, да се реорганизираат и со здрави идеи на следните избори!!! Така се освојува власт, а не со глупирање! Па никаде во светот не може опозиција да донесе буџет. Од целава ситуација заклучувам дека некој од некаде ги влече конците, не од тука, а нашиве политичари се само марионети, нешто се спрема, нешто страшно! Или ќе мењаат име па им треба техничка влада за никој да не преземе одговорност или пак некој има само болни амбиции... |
| Ivan James, 27.12.2012 05:38:34 | Pocituvan gospodine Popovski,
Bi sakal da Vi cestitam za KOLUMNATA, vo koja dosledno ja preslikuvate realnosta. Istovremeno bi sakal da se spodelam so nekolku moi razmisluvanja:
1. Makedonija nema prostor, nitu pricina da se srami...
2. Makedonija e MALO parce zemja, dadeno od Gospod, na koe zaedno i miroljubivo, ziveat Makedonci, Albanci, Turci, Romi, Srbi i uste nekolku etnicki zaednici...
3. Makedonija e GORDO parce zemja, koe pretstavuva Tatkovina za site gorenavedeni etnicki grupi, no istovremeno pretstavuva Tatkovina za pretstavnici na razlicni veri i kulturi.
4. Makedonija, so nekolku mali greski, uspesno gi polozi predpriemnite ispiti vo 1991 i 2001 godina. Uveren sum deka i Ispitot sto trae 2012/2013 godina kje zavrsi uspesno.
5. Veruvam deka, po uspesno polozeniot ispit, kje se sozdade BAZA/JADRO na MAKEDONSKO NACIONALNO EDINSTVO-10tina tocki, koi kje ja imaat bezrezervnata poddrska od strana na site etnicki zaednici, no i od strana na site religiozni grupi |
| ФЕЛИКС, 27.12.2012 07:44:55 | На оваа галерија на срамот би додал и еден да го наречеме живопис или икона на тероризмот.Убеден сум да авторот кој се труди горе-долу реално да ги согледа последните случувања(за разлика од некои ептен либерални опозициски испрефркнати аналитичари)синоќа беше искрено потресен како некој демократијата ќе ја практицира со изборни пукотници.Се наговестува јасно и гласно да ако се оди на избори ќе се пука.Се прашувам не само јас и многумина кој, како и зошто има потреба да практицира политика на терор.Искрено очекувам авторот ќе продолжи во ист стил ова да го анализира и презентира урнисување на елементарната демократија. |
| луди Милојко!, 27.12.2012 08:04:13 | СЕКОЈА ЧЕСТ г. Поповски! Капата доле !! |
| Mefisto, 27.12.2012 08:18:41 | Od sekogas sum znael deka Liljana Popovska e najgolem fanatic i cinik vo RM. Sega ja vidoa i drugite. Se nadevam deka i Gruevski ke ja katapultira kako isluzen borec gladen za funkcii i ke zamine vo bunisteto na istorijata. |
| vlatko, 27.12.2012 08:44:00 | Lile zelenikovska e sram za Mk i sram za celokopnata zenska populacija.Dobro ja narekovte FALSH,bas taka.Mi se gadi navistina ...... |
| Trajanka, 27.12.2012 09:02:21 | Edno nesto zaboravame, deka site ovie dejstvija se ispovocirani so nedeli nanazad i neznam podobra zavrsnica na ludiloto koe opozicijata go plasairase vo ime na narodot. Od drugava strana, odnosno gledano od strana na gragjanite toa na nisto ne licese duri i decata ni bea izlozeni na ovie nastani i se cudea kako moze vozrasni lugje da se odnesuvaat taka. Mozete uste sega da gi vidite idnite nastani koi opozicijata ni gi prigotvuva i dali mislite ddeka treba da se ostavat tuku taka da ne vovlecat vo pukanje i koj ke bidat zrtvite, mislite deka Zaev i Crvenkovski ke bidat zrtvi, ne, nekoi sinovi i kerki na majki i tatkovci anonimci ..... taka da ne gledam logika da podrzuvam ludaci. Od gotovo veresija si napravivme i makedonci megjusebno se tepame ... sramota. |
| Коста Стоименовски, 27.12.2012 09:10:49 | Авторот дава мошне објективна слика на актуелните собитија во државата. Секвенците од крајно нервозните реакции на „Екологистката“, кои беа прикажани на некои ТВ, јасно покажуваат дека е подготвена да згази на своето достоинство со единствена цел да ја задржи својата позиција во коалицијата и да демонстрира лојалност спрема нејзиниот челник! Авторот дава и мошне прецизна прогноза во врска со претстојната посета на М. Нимиц. Во услови кога сериозно се расклатени темелите на актуелниот режим, со голема веројатност може да се очекува додатно затегање на ставовите на „чуварот“ на името, како еден од главните постулати на неговото владеење, особено и поради тоа што него ЕУ и НАТО го интересираат како ланскиот снег! |
| Mihajlo, 27.12.2012 10:35:24 | Slucuvanjata na ulica pred, za vreme i posle ponedelnikot se Ulicni slucuvanja. Klucno i najvazno e e prasanjeto: Dali vo Sobranieto nastanite se odvivaa spored Ustavot i Delovnikot za rabota na sobranieto? Sto pati go procitav Zakonot i dojdov do soznanie deka grubo e prekrseno pravoto. 1. Nieden zakonski akt bez potpis na pretsedatel na maticna komisija ne moze da se vrati vo vlada. 2. Ne postoi moznost Pretsedatelot na Sobranie da donese odluka za otstranuvanje pratenik od sednica bez dogovor so potpretsedatelite i koordinatorite na pratenickite grupi. 3. Obezbeduvanjeto ne moze bez naredba od Pretsedatelot na Sobranie da otstrani novinari od salata. A koga vtoriot covek vo drzavata ne pocituva zakon ??????? |
| Rajko, 27.12.2012 11:24:09 | Честитки до Поповски. Нема што да се додаде и да се одземе. За резилот на Л. Поповска и на сите други наведени не вреди да се пишува. Тој е со невидени размери. И таков што не може и не смее да се заборави. Некогаш, кога и да е - сите тие треба и мора да платат за овој срам. Но, тој нема да може да се измие. Се чувствувам понижен |
| Илија Василевски, 27.12.2012 11:25:34 | Прекрасна колумна. Секоја чест.
Се��огаш одговорноста на власта е поголема од опозицијата, затоа што власта има неспоредливо повеќе механизми и средства на располагање за водење на своите политики.
Опозицијата мора да прави разни активности за да го придобие вниманието на јавноста- некогаш со квалитетни предлози и иницијативи, некогаш со неквалитетни, но власта е таа која мора да има ,,нерви“ да се справува со различното мислење.
Оној кој има ,,тенки нерви“ нека се занимава со интелектуална, консултантска или друга работа во која нема директен контакт со луѓе со различно мислење.
Во САД се работи за буџет од 600 милијарди долари и за поврзување на тие пари со неспоредливо поголема нација од нашата, и што да направи Барак Обама? Да им пушти ракета патриот на Сенатот и Конгресот за да ги замолчи, откако претходно ќе ги изнесе пратениците на неговата партија!?
Не зрело, не вкусно, мизерно!!! |
| PAVLE ALIMASKA, 27.12.2012 12:27:01 | OОва е добро за да се спуштиме сите на земја и да видиме во која држава и под која власт живееме.Сигурно дека има и такви кои ова не можат или не сакаат да го видат,но би посакал нивниот број да се намалува од ден на ден |
| miki, 27.12.2012 12:47:35 | Конечно Лиле Поповска си го зазеде заслуженото место !!??? На ЃУБРИШТЕТО ВО ИСТОРИЈАТА............... |
| Filip, 27.12.2012 13:48:18 | Dali e i ova del od pogolemoto scenario, zosto g. novinar ne go spomna i zaev deka ke imalo pukanje, zosto ne go spomna kornenjeto na mikrofoni, zosto ne go spomna napadot na pretsedatelot na sobranieto, zatoa nie nemame NOVINARI zosto gi kupuvaat za sitni pari i mnogu lesno zafakaat strana za zal vo takvo opstestvo ziveeme !!! |
| Лилјана е на место, 27.12.2012 14:47:16 | Лилјана е реалист, срамота Бранко да се поддржува. Време му е да си оди. Напред Лилјана, напред реалисти. |
| ZS, 27.12.2012 15:06:35 | Zoran Stavreski ne e nikakov anglosaksonski pitomec. Ima diploma od skopskiot univerzitet UKIM, sto bi se reklo - tolku mu e kapacitetot. |
| Eva, 27.12.2012 16:48:21 | Чудно, колку што се сеќавам, изјавата на г-ѓа Поповска беше сосема спротивна од она за што ја обвинувате во оваа колумна и истата таа изјава е дадена на оваа страна, ако воопшто сте ја прочитале. И впрочем, што требаше да направи г-ѓата Поповска, освен да остави ситуацијата да биде решена на законски начин од надлежните лица. Зарем требаше да се вклучи во целиот тој хаос? Зарем тоа нешто ќе променеше? |
| eki, 27.12.2012 16:50:50 | не би сакала да ја коментирам вашата колумна,но би сакала да ви поставам неколку прашања,кога веке си земате за право да плукате по достоинството и дигнитетот на одредени личности.Би ве прашала каде беше пратеничката Шекеринска која исто така важи за борец за правата на жените кога ја нападнаа нејзината колешка претседателката на Законодавно-правната комисија?Би ве прашала зашто хронолошки не ги прикажете настаните за тоа како бившиот ни татко на државата изврши атак врз униформираните лица кои си ја вршеа својата работа и газеше преку нив за да ги нападне сопствените граѓани кои не размислуваат како него?Да ги нападне оние кои ги плаќаат даноците за да може тој да си зема солидна пензија.Срам ми е да казам дека таква личност сме избрале во минатото да ни биде претседател.Но осврнувањето кон историјата само ни го отвара патот кон иднината.Нека ни биде за поука повеќе да не бираме личности како него за државници,кои не разликуваат демократија од анархија. |
| Ајван Доктор®, 27.12.2012 17:15:50 | Најгрдо од сè е кога една жена не респектира друга,особено кога таа е бремена!Наместо да ја заштити,таа „ја замолила“да не снима со камерата за да „не тргне“некој од „службите“кон неа!Мизерно,дрско,безобразно,подло,одвратно...Не верував дека една жена може да биде толку сурова и подла!Колку зеленило уништија во Скопјево,Лиле со прст не мрдна за да го заштити,иако се претставува како припадник на партија на која природата треба да и е императив!Не дај боже да ја постават како лидер на некоја партија која ќе се залага за правата на граѓаните!Упс,па таа е во некоја комисија з�� еднакви можности на жените и мажите!Претседателот на државата пред некој ден јасно посочи дека се работи за планирана и добро осмислена акција на власта „претскажувајќи“што ќе и се случи на опозицијата (божем не знаел)!Фаликс, тероризам е кога насилно ќе исфрлиш легални избраници на народот од Собрание!Ете и твојот вожд (полуписмен магистер) призна дека Бранко,за разлика од него,бил алтруист! :0) |
| Vančo od Kočani, 27.12.2012 18:37:12 | Posle ona što i se sluči na Makedonije v ponedelnik nema nedolžni. Se razbira po definicija pogolemeta odgovornost i prripaga na vlasta. Ako sakame nevideniot sram što poaskoro da go zaboravime togaš treba da se formira edna nezavisna komisija koja ke ja istraži poedinačnata odgovornost za site nastani vo i okolu Sobranieto i na sudskite organi da im predloži soodvetnii merki. Ako i sakat dobro na Makedonija, Crvenkovski i Gruevski treba da se povlečat i da im gi propuštat svoite mesta na nekoi deca koi ke znaat po odgovorno da ja vodat državata. Vo politikata nema mesto nitu za Stavrevski, Jankulovska i Veljanovski, a i za site ratoborni pratenici od SDSM koi sakaat da fizički da se presmetat so predsedstelot na Sobranieto. I predsedatrelot na Republika Makedonija Gorgi Ivanov ne ja zaslužuva svojata fukcija. Da ostane nem posle seto ona što se slučuvaše vo i okolu Sobraniteto e sramno i toj veke ne bi smeel da se pojavi vo javnosta. |
| Ivan, 27.12.2012 18:54:29 | Ministeceto kum i vozdot nemaat nikakov kapacitet da vodat ekonomija.No tokmu vo toj sektor crno im se pisuva. Za zal narodecot postojano unazaduva, a poitrite se poveke begaat nadvor. |
| Makedonec vo EU, 27.12.2012 22:41:57 | Iako VMRO DPMNE i SDSM navidum se razlicni, imaat mnogu povekje slicnosti od razliki - mizern kvalitet na kadri na site nivoa, smesna obrazovanost (i relevantno iskustvo) na istitte, nikakva vizija za idninata na drzavata, i etika na dzeparos od nekoj pazar na Bliskiot Istok. Branko i Nikola se samo dve strani na edna ista monetka. Banknotite se vekje odamna nadvor od Makedonija i prodolzuvaat da si odat - tokmu poradi gorenavedenoto.. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Делумно облачно
|
Недела
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (39)Зошто Јованка бараше масерка.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|