28.12.2012, 12:05 ОМД го зголеми својот тим во САД
Одборот на директори на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со седиште во Вашингтон назначи шест нови позиции во САД за зајакнување на својата дејност во оваа земја.
Членот на Управниот одбор, Трајко Папучкоски е назначен и на позицијата директор за операции во САД, а за регионални претставници се именувани Никола Цуцуловски за Тенеси, Ѓорѓи Ѓеорѓиевски, за Сиетл (Вашингтон), Мишко Јосифов за Мајами (Флорида), Константин Наковски за Кливленд (Охајо), и Дејан Петковски за регионален претставник за Хјустон (Тексас).
- САД е дом на речиси половина милион Американци со македонско потекло. Со цел да се одржи контакт со сите македонски заедници, а воедно да служи и како силен глас на Македонците во Вашингтон, од витална важност е ОМД да се прошири низ целата територија на САД, изјави претседавачот на Управниот одбор на организацијата Стојан Николов.
Папучкоски, како координатор за операциите во САД, очекува одлична соработка со оваа талентирана група регионални претставници, во напорите за претставување на интересите на македонската заедница пред американските креатори на политиката.
|