Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
28.12.2012, 12:58

Нови 157 припадници на АРМ ќе заминат за Авганистан



Собранието на Република Македонија денеска во рамки на 51. седница ја изгласа одлуката за испраќање припадници на Армијата на Република Македонија за учество во мировна операција во Авганистан во состав на меѓународните сили за безбедносна поддршка на Авганистан - ИСАФ.

Заменикот министер за одбрана, Емил Димитриев во образложението нагласи дека учеството во рамки на НАТО предводената мисија ИСАФ во Авганистан беше прв придонес на Република Македонија кон мирот и стабилноста надвор од нејзините граници.

Придонесот кој започна во август 2002 година со симболично испраќање на двајца офицери во рамки на турскиот контингент, нагласи, постепено еволуираше во ротација на досега 2.122 македонски мировници и во национален придонес кој денеска е еден од најголемите по глава на жител во Авганистан. Од 2002 година досега, Република Македонија има извршено 23 ротации во мисијата ИСАФ во Авганистан со учество на 2122 мировници.

Ова, рече Димитриев, е 24 ротација на македонски припадници во мисијата ИСАФ во Авганистан која брои вкупно 157 припадници на Армијата на Република Македонија. Се работи за една механизирана пешадиска чета во состав од 150 припадници на АРМ за обезбедување на командата на ИСАФ, двајца штабни офицери во командите на ИСАФ и, пет припадници на АРМ во состав на наменските сили за партнерство и советување (НСПС) за поддршка на третата бригада од 209-от корпус на Авганистанската национална армија.

Република Македонија ќе учествува во мисијата ИСАФ се до нејзиното завршување во 2014 година според определената динамика од НАТО. Учеството по 2014 година ќе се одвива во облик кој ќе биде дополнително определен од страна на државното раководство и НАТО.

За член на судскиот совет Собранието го избра го избра Беким Реџепи.

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Дојче Банка по Договорот за заем обезбеден со гаранција заснована на политики од Меѓународната банка за обнова и развој – Светска Банка, измените на Царинскиот закон и на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите по скратена постапка. За нив ќе се расправа, како што наведе претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, штом се создадат деловнички услови за тоа односно на продолжението во 15 часот.

 

 


Статијата е прочитана 609 пати.


Испрати коментар



Светот во 2012 година кога не се оствари пророштвото на Маите
Сите по список - Кои беа вредни, а кои дремливи
Политиката да ја остави економијата да дише
Кризата е длабока, перспективите мрачни
Година на секој против секого
Велешанец се спасил бегајќи од автомобил заглавен на пруга
Хашим Тачи најави дека нема да се кандидира за премиер
Во кого се колнат македонските политичари
Поповска - Вистината ќе излезе на виделина
(ИНТЕРВЈУ) Ниту оваа ниту претходните влади не сакаат совет
Банките малку послабо отпорни, но профитабилни
Добитници и губитници во 2012
Мукаетов - Не' чека тешка година, но остануваме оптимисти
Во политиката имавме сцени слични на „К-15“ и „Монти пајтон“
Црвенковски - 2013 да биде победничка
Бреговиќ ќе му свири на Путин за Нова година
Богата програма за дочекот на новата 2013 година на плоштадот „Македонија“
Во Тетово и Гостивар одземени над 12 илјади петарди
Момче претепано и застрелано во дискотека во Тетово
Деветнаесет загинати во бомбашки напад во Пакистан
(ФОТО) Четворица загинати во авионска несреќа во Русија
Жената која турна човек во метрото во Њујорк нападнала од верска омраза
Ердоган - Изминатава година беше успешна за Турција
Ѕинго пак на чело на СПМ
(ФОТО) Вооружен грабеж на златара среде бел ден во Кавадарци
(ФОТО) Протест на опозицијата пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Даниел Сервер
ВМРО-ДПМНЕ - Задолжувањата помали отколку во времето на СДСМ
Тачи однапред знаел за настаните во Собранието
Во пет верижни сообраќајки - 11 повредени
Делницата Катланово - Велес повторно во употреба
Николиќ пак нуди посредништво меѓу Атина и Скопје
Наградени десет научници на УКИМ
СДСМ обвинува за ново задолжување на државата
Штипски полицаец пронајден мртов
Димитар Башески излезе од ДПМ, но и ДПМ го поддржа ЗНМ
„Тинекс“ вложи 17,5 милиони денари за развојни проекти
„Телеком“ ќе подели над 350 топли оброци во шест народни кујни
Заштитен сведок на судењето на Љубе Бошкоски
Башким Бесими поднесе оставка
Прогласени најдобриот пожарникар, полицаец и крводарител
Собранието го донесе законот за задолжување кај Светска банка
Седете дома и не отворајте прозорци, надвор е презагадено
„Окта“ подари зимска облека за повеќе од 300 деца
ДС ќе иницира формирање парламентарна комисија за случувањата во Собранието
ОМД го зголеми својот тим во САД
Филе - Претстојната пролет одлучувачка за Македонија
Конфискација на нелегалниот имот на Иснифарис Џемаили
Косовците уплашени од радикалниот исламизам
Ромпуј - Камерон ја загрозува иднината на ЕУ
Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром
(ВИДЕО) Новинарите го исвиркаа Трајко Вељаноски
Комерцијална банка ја продаде старата зграда и се сели во нова



BILJANA, 28.12.2012 13:46:27
Samo neka pazat da ne ubivaat avganistanski deca.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 6°C

Ведро

Понеделник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -4°C

Вторник
Сончево
Макс: 6°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (40)
Љубомората е посилна од љубовта.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Времеплов на оптимистот
Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ...
Ексклузивно - Готвам, значи постојам и сум сакана
Хрватката Ана Угарковиќ, авторка на готвачкото ТВ-шоу „Кај Ана“, е естет со префинет вкус за храна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Новогодишен прилог |