30.12.2012, 09:56 Деветнаесет загинати во бомбашки напад во Пакистан
Два автобуса со шиитски верници беа уништени од експлозии во округот Мастунг во југозападната пакистанска провинција Белуџистан. Убиени се најмалку 19 луѓе и 25 се ранети.
Двата автобуса се целосно уништени, и можно е бројот на жртви да биде повисок.
Според полициски извори, експлозивна направа најверојатно била поставена на моторот и активирана со далечински управувач.
Автобусите се враќале со верниците од соседен Иран каде шиитите се мнозинство и каде се наоѓаат голем свети места на шиитите. Меѓу повредените се и двајца полицајци и дел од обезбедувањето на автобусите. |