Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
01.01.2013, 13:29

Марсеј и Кошице - престолнини на европската култура во 2013

Кошице е прв град во Словачка што ќе биде европски центар на културата, а Марсеј е четврти француски град што ќе го носи тој епитет

Марсеј и Кошице ќе ја делат титулата „Европска престолнина на културата“ во 2013 година. Кошице е прв град во Словачка што ќе биде европски центар на културата, а Марсеј е четврти француски град што ќе го носи тој епитет, по Париз во 1989, Авињон во 2000 и Лил во 2004 година.

Провансалскиот град-пристаниште на Азурниот Брег - Марсеј подготви амбициозна програма, со цел да ги спои класичната уметност и популарната култура, со 80-ина проекти – шоуа, изложб��, дебати, перформанси, работилници. Поради својата местоположба и минато на град-засолниште на доселеници, Марсеј ја фокусира програмата на дијалог меѓу Европа и медитеранските брегови на Африка и Блискиот Исток, со отворање деликатни прашања, како миграција, расизам, родови односи и судири меѓу културите и религиите.



Кошице, пак, како крстосница на Истокот и Западот во карпатскиот регион, со австроунгарска историја и постсоцијалистичка реалност, ќе биде центар на креативноста и ќе понуди програма што ќе го одрази спојот на старото и новото. Кошице е блиску до источната, словачко-украинска граница, која е и граница на шенген-зоната, и затоа програмата има содржини кои ја нагласуваат неговата позиција, како метафора на порта кон Источна Европа.

Марсеј и Кошице ја преземаат титулата од португалскиот Гимараиш и словенечкиот Марибор кои во 2012 година го славеа европското културно наследство.

Европската комисија секоја година одредува почесен домаќин на овој проект. Традицијата почна во 1985 година, кога Атина беше културна престолнина на стариот континент. Целта е да се промовира чувството за заедништво во ЕУ, но на лауреатот тоа му носи и пари од европските фондови, со што земјите можат да финансираат големи проекти и програми од областа на културата. Критериум за избор е подготвеноста на градот да ги организира случувањата кои траат цела календарска година. За изборот решава независна меѓународна комисија во Брисел, а одлуката се донесува четири години однапред. Неа ја разгледува и Европскиот парламент, а ја изгласува Советот на ЕУ.

Во 2014 престолнини на европската култура ќе бидат шведскиот град Умеа и главниот град на Летонија – Рига, во 2015 - Монс (Белгија) и Плзен (Чешка), во 2016 - Сан Себастијан (Шпанија) и Вроцлав (Полска), во 2017 – Орхус (Данска) и Пафос (Кипар).


Статијата е прочитана 331 пати.


Испрати коментар



По Депардје и Бардо по руско државјанство
Божикниот концерт на „Скопски солисти“ со Нацоски и Таламанка
Пекиншкиот човек бил прекрасен градител
Во Сахара пронајден метеорит стар над две милијарди години
Уметниците се простија од Никола Иванов-Балтон
Концертот за Василица годинава посветен на Верди
Колин Фарел пиел по две шишиња виски
Првата дама на Северна Кореја веројатно се породила?
Депардје стана Русин
Хју Хефнер пак се ожени
Прагот стана мој покрив, а куферот моја адреса
Алаѓозовски, Крајчев и Тоциновски добитници на „Прозни мајстори“
„Скајфол“ заработи една милијарда долари
Данската кралица скептична кон Фејсбук
Се венчаа Бред Пит и Анџелина Џоли
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (42)
„Педесет нијанси сиво“ - најпопуларна книга за 2012
„Смртта на Ерусалим“ во сефардското списание “Лос Муестрос”
Почина сликарот Никола Ивановски- Балтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (41)
(ИНТЕРВЈУ) Готвам, значи постојам и сум сакана
(ИНТЕРВЈУ) Не се плашам од „Метрополитен“
„Шарли Хебдо“ ќе објави „халал“ стрип за животот на Мухамед
Витни Хјустон и „Гангам Стајл“ најбарани на интернет во 2012
Есма и Влатко Лозаноски ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг
Годинава имавме три филма во Берлин
Промоција на „Осмото светско чудо“ во Белград
Отворена изложбата „Археолошка Македонија 2012“
Поддршката на македонскиот роман е нула
Витни Хјустон убиена од дилерите поради долг?
Мјузикл за Тоше Проески
Каролина - лице на новиот календар на „Пелистерка“
Фотографии од „Твитеркалендар 2013“ на продажна изложба
Проектот „Љубојна брас фантази“ сега и на ЦД
Новогодишен гала-концерт на Филхармонијата
Адел го заштити нејзиното име
„Јадро“ го брани демократскиот социокултурен простор
Се обновува Драмската програма на Македонско радио - Радио Скопје
„Ангелите“ голи за шпанскиот „Вог“
Во „Мала станица“ изложуваат шест автори
„Фрик фестивал“ со гости од Белград
„Битлси“, Џегер и Бекам може да завршат на банкнота од 10 фунти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Никогаш не дозволив славата да ми удри в глава
„Дедо ми Иван секогаш ни велеше на нас, внуките: Имајте голема душа и ��творено срце за сите. Тоа сум јас“, вели Катарина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |