Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
02.01.2013, 13:51

Прагот стана мој покрив, а куферот моја адреса

Никола Маџиров вели дека пишувањето поезија за него е егзил од секакви национални и идеолошки рамки

Пишувањето поезија за мене е егзил од секакви национални и идеолошки рамки, рече поетот Никола Маџиров, кој по бројните читачки турнеи низ светот во 2012 денеска беше примен од министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

И подари превод на англиски од неговата сихозбирка „Преместен камен“ која, како што рече, го преместила во многу светови и јазици. Таа е и своевидна метафора на неговиот патувачки живот и претставувањата на разни меридијани, книжевни престои, читања, фестивали. Меѓу бројните во изминатата година беше и учеството на Поетската олим��ијада во Лондон, а го очекуваат и годинава - најпрво во Албанија, а потоа и во други земји во Европа и во подалечни во Азија, Африка, Америка.

Поетот-номад, како што го нарекуваат, ја промовира македонската култура и јазик низ стихови, кои остануваат негова книжевна преокупација и покрај доминацијата на прозата која, за разлика од поезијата, е попрофитабилна и податлива за трансформација во други видови уметности.

Канческа-Милевска рече дека неговото творештво го следат исклучително позитивни оценки од светската критика, чие книжевно влијание го споредува со она на шведскиот нобеловец Томас Транстромер.

- Сакам искрено да му се заблагодарам за сето што го направи во промоцијата на Република Македонија на меѓународен план. Од огромно значење е договорот за издавање книга што тој го склучи со „Бладекс букс“, една од најпочитувани издавачки куќи за поезија во Велика Британија и во светот... Тој е и единствениот балкански автор кој неодамна ја доби европската книжевна стипендија „Маргерит Јурсенар“ за 2013. Се надевам дека како и досега, и во иднина ќе продолжи да ја промовира Македонија, рече Канческа-Милевска. Му напомна да ги следи условите кои треба да се исполнат за да ја добие наградата национален уметник, која со посебен закон е востановена за уметниците кои успешно ја претставуваат државата во светот.

Маџиров се заблагодари за поканата од Министерството, на преведувачите на неговите збирки и жиријата што го избирале за награди, за поддршката што ја добива од објавата на првата книга („Заклучени во градот“, 1999) и покрај, како што рече, ситуацијата во која се наоѓа поезијата овде и во светот.

- Сепак, тој свет на поезијата некако функционира во однос на јавните рамки. Може се потесни, но функционира како братство, и тоа е неверојатно а, пред се, тоа се гледа на фестивалите. Тоа што го работам го работам зашто чувствувам дека припаѓам таму, иако не сум самиот поклоник на припадноста. Просторно не можам самиот да се определам, во некој меѓусвет постојано, прагот стана мој покрив, куферот стана моја адреса. Тоа номадство верувам ќе продолжи. Витгенштајн велеше дека границите на мојата земја се таму каде што се границите на мојот јазик, а тоа е доста индивидуално. Македонскиот јазик го носам со себе секогаш, за него не е потребен куфер, потребно е само сеќавање, рече Маџиров, задоволен што поезија во последно време се почесто пишуваат млади автори.

Маџиров е и есеист и преведувач, добитник на многу домашни и меѓународни награди и книжевни стипендии. Неговите дела се преведени на над 30 јазици, објавени во збирки и антологии.


Статијата е прочитана 721 пати.


Испрати коментар



По Депардје и Бардо по руско државјанство
Божикниот концерт на „Скопски солисти“ со Нацоски и Таламанка
Пекиншкиот човек бил прекрасен градител
Во Сахара пронајден метеорит стар над две милијарди години
Уметниците се простија од Никола Иванов-Балтон
Концертот за Василица годинава посветен на Верди
Колин Фарел пиел по две шишиња виски
Првата дама на Северна Кореја веројатно се породила?
Депардје стана Русин
Хју Хефнер пак се ожени
Алаѓозовски, Крајчев и Тоциновски добитници на „Прозни мајстори“
„Скајфол“ заработи една милијарда долари
Данската кралица скептична кон Фејсбук
Се венчаа Бред Пит и Анџелина Џоли
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (42)
„Педесет нијанси сиво“ - најпопуларна книга за 2012
„Смртта на Ерусалим“ во сефардското списание “Лос Муестрос”
Почина сликарот Никола Ивановски- Балтон
Марсеј и Кошице - престолнини на европската култура во 2013
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (41)
(ИНТЕРВЈУ) Готвам, значи постојам и сум сакана
(ИНТЕРВЈУ) Не се плашам од „Метрополитен“
„Шарли Хебдо“ ќе објави „халал“ стрип за животот на Мухамед
Витни Хјустон и „Гангам Стајл“ најбарани на интернет во 2012
Есма и Влатко Лозаноски ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг
Годинава имавме три филма во Берлин
Промоција на „Осмото светско чудо“ во Белград
Отворена изложбата „Археолошка Македонија 2012“
Поддршката на македонскиот роман е нула
Витни Хјустон убиена од дилерите поради долг?
Мјузикл за Тоше Проески
Каролина - лице на новиот календар на „Пелистерка“
Фотографии од „Твитеркалендар 2013“ на продажна изложба
Проектот „Љубојна брас фантази“ сега и на ЦД
Новогодишен гала-концерт на Филхармонијата
Адел го заштити нејзиното име
„Јадро“ го брани демократскиот социокултурен простор
Се обновува Драмската програма на Македонско радио - Радио Скопје
„Ангелите“ голи за шпанскиот „Вог“
Во „Мала станица“ изложуваат шест автори
„Фрик фестивал“ со гости од Белград
„Битлси“, Џегер и Бекам може да завршат на банкнота од 10 фунти



Pero, 02.01.2013 15:35:16
Aman vise so ovoj badijaldzija poet.Koj vesnik covek da go otvori,ovoj izletuva od tamu kako strasilo.A deka e poet ne znaat ni tatko mu,ni majka mu.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Никогаш не дозволив славата да ми удри в глава
„Дедо ми Иван секогаш ни велеше на нас, внуките: Имајте голема душа и отворено срце за сите. Тоа сум јас“, вели Катарина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |