Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
01.01.2013, 15:25

„Смртта на Ерусалим“ во сефардското списание “Лос Муестрос”

Новелата на Томислав Османли ќе биде објавувана во неколку следни броеви на интернационалното списание „Лос Муестрос“ кое излегува во Брисел

Новелата „Смртта на Ерусалим“, која е дел од книгата со еврејски теми од Македонија и од поширокиот регион, насловена „Светилка за Ханука“ од македонскиот автор Томислав Османли, ќе биде објавувана во неколку следни броеви на интернационалното списание „Лос Муестрос“ кое излегува во Брисел.

Во најновиот број на ова меѓународно списание, кое ја афирмира сефардската култура и историја, објавен е првиот дел од новелата во превод на англиски.

„Смртта на Ерусалим“ раскажува за подготовките и конечното уништување на една од најстарите еврејски и најголемата сефардска урбана заедница во светот, онаа на Солун, и нејзиното масовно уништување во Втората Световна војна. При тоа, во Аушвиц, но и во други нацистички логори на смртта во окупирана Полска биле однесени над 50.000 солунски Евреи од кои преживеа и успеал се врати само мал број страдалници.

Мотивите за оваа комплетна објава на книгата од Османли, главниот уредник на списанието Моисе Рахмани, инаку истакнат автор на книги и публикации од животот и културата на Сефардите, го објаснува на следниот начин:

- Книгата на Томислав Османли „Светилка за Ханука“ претставува нова свеќа додадена во тој исклучителен свеќник. Ова дело трага по еврејскиот живот, со неговите мигови на радост и со миговите на тага. Авторот не поканува на откривање на историјата на таа заедница, со надежта како нејзина позадина (...) Авторовата нарација е огнена, неговиот стил запалив. Зборовите бележат слики во кои читателот навлегува и учествува. Томислав Османли восхитувачки ги доловува ситуациите, ликовите. Кога еднаш се отвора, оваа книга повеќе не се напушта. Таа светлина не осветлува, не просветлува и не тера и ние да ја зрачиме, вели Рахмани.

Новелата ќе се објавува во продолженија во печатена и во електронска веризија на списанието „Лос Муестрос“. Инаку ова е 10. по ред објава на прозен текст од Османли во „Лос Муестрос“.


Статијата е прочитана 324 пати.


Испрати коментар



По Депардје и Бардо по руско државјанство
Божикниот концерт на „Скопски солисти“ со Нацоски и Таламанка
Пекиншкиот човек бил прекрасен градител
Во Сахара пронајден метеорит стар над две милијарди години
Уметниците се простија од Никола Иванов-Балтон
Концертот за Василица годинава посветен на Верди
Колин Фарел пиел по две шишиња виски
Првата дама на Северна Кореја веројатно се породила?
Депардје стана Русин
Хју Хефнер пак се ожени
Прагот стана мој покрив, а куферот моја адреса
Алаѓозовски, Крајчев и Тоциновски добитници на „Прозни мајстори“
„Скајфол“ заработи една милијарда долари
Данската кралица скептична кон Фејсбук
Се венчаа Бред Пит и Анџелина Џоли
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (42)
„Педесет нијанси сиво“ - најпопуларна книга за 2012
Почина сликарот Никола Ивановски- Балтон
Марсеј и Кошице - престолнини на европската култура во 2013
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (41)
(ИНТЕРВЈУ) Готвам, значи постојам и сум сакана
(ИНТЕРВЈУ) Не се плашам од „Метрополитен“
„Шарли Хебдо“ ќе објави „халал“ стрип за животот на Мухамед
Витни Хјустон и „Гангам Стајл“ најбарани на интернет во 2012
Есма и Влатко Лозаноски ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг
Годинава имавме три филма во Берлин
Промоција на „Осмото светско чудо“ во Белград
Отворена изложбата „Археолошка Македонија 2012“
Поддршката на македонскиот роман е нула
Витни Хјустон убиена од дилерите поради долг?
Мјузикл за Тоше Проески
Каролина - лице на новиот календар на „Пелистерка“
Фотографии од „Твитеркалендар 2013“ на продажна изложба
Проектот „Љубојна брас фантази“ сега и на ЦД
Новогодишен гала-концерт на Филхармонијата
Адел го заштити нејзиното име
„Јадро“ го брани демократскиот социокултурен простор
Се обновува Драмската програма на Македонско радио - Радио Скопје
„Ангелите“ голи за шпанскиот „Вог“
Во „Мала станица“ изложуваат шест автори
„Фрик фестивал“ со гости од Белград
„Битлси“, Џегер и Бекам може да завршат на банкнота од 10 фунти

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |