02.01.2013, 12:12 Данската кралица скептична кон Фејсбук
Кралицата Маргарет смета дека младите се изложени на притисок, бидејќи фејсбук-профилот претставува „излог“ кон социјалната средина
Данската кралица Маргарет предупреди во своето новогодишно обраќање на влијанието што социјалните медиуми го имаат врз меѓучовечките односи.
Кралицата Маргарет укажа на притисокот кој младите луѓе во Данска го доживуваат во едно време кога дури и фејсбук-профилот претставува „излог“ кон социјалната средина, повикувајќи ги младите да бидат тоа што се, доследни на самите себеси.
- Станува збор за тенденција во актуелниов миг да се прикажува слика на перфектен живот заснован врз брак, деца, инспиративна работа, интересни активности во слободното време и младешки надворешен изглед, независно од возраста.
- Кој може да го постигне сето тоа? - постави прашање данската кралица во своето новогодишно обраќање до јавноста. |