02.01.2013, 11:55 Се венчаа Бред Пит и Анџелина Џоли
Парот судбоносното „ДА“ го кажал на Божик на Карибите
Брет Пит и Анџелина Џоли го кажаа судбоносното „ДА“ на Божик на Карибите, пишува „Телеграф“.
Актерската брачна двојка божикните денови ги минале со нивните шест деца на приватниот карипски остров во опуштена атмосфера, надвор од градската врева.
Наводно, за нивните шест деца, Медокс, Пекс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивијан, ангажирале дури 12 бебиситерки за да можат во целост да уживаат во божикните денови во островскиот ресторант.
„Дејли Мејл“ пишува дека на божикната забава на островот Перот Кеј, Анџелина и Бред угостиле 22 луѓе, не сметајќи го персоналот, а меѓу нив биле и родителите на познатата актерка и нејзиниот брат и сестра со нивните семејства.
Во ноември, Бред на црвениот тепих во Њујорк во текот на премиерата на неговиот филм „Killing Me Softly“ рече дека свадбата ќе биде „наскоро“, а магазинот „inTouch“ објави вест дека прстените за славната двојка се подигнати на 27 ноември. |