02.01.2013, 14:07 Хју Хефнер пак се ожени
Во новогодишната ноќ сопственикот на „Плејбој“ на 86 години се ожени со 60 години помладата Кристал Харис
Сопственикот на „Плејбој“, Хју Хефнер, се ожени со 60 години помладата Кристал Харис во новогодишната ноќ. Парот се венчаше во вилата на „Плејбој“, а на церемонијата присуствувале само најтесниот круг на пријатели и членови на семејството.
Иако со децении говореше дека не верува во моногамијата, Хју Хефнер (86) го изрекол судбоносното „да“ на својата свршеничка Кристал Харис (26), која сега го има неговото презиме. Скромната церемонија е одржана во нивната вила, иако првично било планирано доаѓање на неколку стотици гости.
Невестата носела светлорозова венчаница, додека младоженецот имал црн смокинг и пеперут��а-вратоврска. Иако веќе еднаш биле на чекор од олтарот, па ја раскинале во јуни 2011, популарниот Хеф и Кристал Харис сега запловиле во брачните води и тврдат дека многу се сакаат.
Ова е трет брак на Хефнер, а од другите два брака има по две деца. |