04.01.2013, 10:02 Во Сахара пронајден метеорит стар над две милијарди години
Метеоритот е со тежина од 320 грама и е наречен НВА 7034, а бил пронајден од бедуини во Мароко, кои потоа го продале на научен центар во САД
Група универзитетски научници од американската сојузна држава Њу Мексико соопштија дека во пустината Сахара е пронајден метеорит, веројатно од марсијанскиот период, кој е стар над 2,1 милијарда години.
Метеоритот е со тежина од 320 грама и е наречен НВА 7034. Тој е пронајден од бедуини во Мароко, кои потоа го продале на научен центар во САД.
Според лидерот на истражувачкиот тим Карл Ејџи во метеоритот е забележано присуство на вода, што го прави поразли��ен од претходно пронајдените. Освен тоа, додава Ејџи, според својот состав тој мошне наликува на примероците од почвата на Марс, истражувани од автоматскиот апарат „Кјуриозити“.
НВА 7034 е вториот по старот метеорит, кој некогаш паднал на Земјата. Најстариот досега е „Ален Хилс“, кој датира од пред 4,5 милијарди години и е откриен во 1984 година на Антарктикот.
|