04.01.2013, 12:20 Пекиншкиот човек бил прекрасен градител
Научниците го реконструираа начинот на живот на овие древни луѓе и дури пронашле три илјади години стара „дневна соба“ во пештера со огниште
Пекиншкиот човек, древен предoк на современот човек носел облека и бил прекрасен градител.
Научниците го реконструираа начинот на живот на овие древни луѓе кои го населувале подрачјето на денешен Чоукудијан близу Пекинг во периодот од 750.000 до 200.000 години пред нашата ера.
Тие поточно откриле дека тие користеле животинска кожа омекната со камени алати за изработка на облека. Знаеле да напrават оган и правеле дупки во поголем број предмети за сега непознати причини.
Истражувачите на кинеската Академија на науките објавија дека се пронајдени дури и три илјади години стара „дневна соба“ во пештера со огниште.
Чен Шен, кустос на Музејот во Торонто и член на Академијата рече дека припадниците на тој народ дури правеле и копја.
Кинескиот пештерски систем е едно од најважните палеолитски наоѓалишта кои се некогаш откриени.
Археолозите ископале над илјада камени алатки и стотина фрагменти на коски од 40 луѓе меѓу 1921 и 1966 година. Подоцна утврдено е дека станува збор за видот Homo erectus.
Оригиналните фосили на Пекиншките луѓе исчезнале во 1941 година во транспортот за САД. |