03.01.2013, 12:04 Првата дама на Северна Кореја веројатно се породила?
Гласините дека Ри Сол-џу е бремена се појавија пред неколку месеци, особено затоа што есенва првата дама речиси и да не се покажуваше во јавноста
Првата дама на Северна Кореја, Ри Сол-џу, за која во последно време се пишуваше дека е бремена, веројатно веќе се породила, соопштија денеска јужнокорејските медиуми, повикувајќи се на снимки од репортажа на севернокорејската телевизија.
Гласините дека Ри Сол-џу е бремена се појавија пред неколку месеци, особено затоа што есенва првата дама речиси и да не се покажуваше во јавноста.
Во декември таа заедно со нејзиниот сопр��г, шефот на државата Ким Џонг-ун, присуствуваа на одбележувањето на годишнината од смртта на татко му Ким Џонг-ил. Жената беше облечена со традиционалната корејска носија, под која се оцртуваше видливо заоблениот стомак, забележуваат медиумите.
На официјалниот прием по повод Нова година, емитуван од државната телевизија, сите ја видоа Ри Сол-џу со прилепено здолниште и блуза, без воопшто да се забележи дека била бремена.
Според јужнокорејски новинари, има и уште еден доказ дека сопругата на Ким Џонг-ун навистина родила, а тоа е фактот дека женски ансамбл за време на настанот ја исполнила популарната бижиќна песна „Кога се раѓа дете“.
Дваесет и седумгодишната сопруга на севернокорејскиот лидер, родена во семејство на професор и лекарка, завршила на универзитетот „Ким Ил-сунг“.
Според податоците на јужнокорејското разузнавање, лидерот на Северна Кореја ја озаконил својата врска со неа уште во 2009 година.
Се претпоставува дека двојката веќе има едно дете, тврадат руски медиуми.
Севернокорејските медиуми не објавија никакви изјави за состојбата на Ри Сол-џу.
Јужнокорејското разузнавање ги отфрли препоставките дека таа родила, како недоволно мотивирани. |