Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.01.2013, 12:11
Коледарските огнови го најавуваат Рождеството Христово



Православните христијански верници во Македонија утре го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово - Божик.

Бадник традиционално ќе биде одбележан со собир пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што на годинашниот кум бизнисменот Даниел Воиновски ќе му биде врачен преодниот бадникарски ќуп.

Манифестацијата, вообичаено почнува со подигање на бадникарското знаме. Архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан точно напладне со пригодна беседа ќе им се обрати на скопјани и на сите добронамерници и ќе му го предаде ќупот на новиот кум-бадникар.

Здравицата годинава ќе ја кажат музичарите Влатко и Силви Плевнеш кои се автори и инсполнители на баникарската химна, а на граѓаните ќе им се обратат градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и старите кумови Борче Петрушевски и Александар Пановски од Одборот за прослава на Бадник.

Свештениците од соборниот храм „Свети Климент Охридски“, потоа ќе ги осветат нафората, чајот и ракијата, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално порано ги набраа од падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Средбата завршува со чинот на примопредавање на ќупот и кршењето на погачата со златна паричка, што се смета дека ќе му донесе среќа во текот на годината на тој што ќе ја добие. Со пајтонот, симболот на старо Скопје, новиот кум бадникар заедно со ќупот и семејството ќе замине од пред платото на Соборниот храм.

Во пресрет на Бадник, вечер во скопските маала и во другите населени места во Македонија ќе се одржат народни собири со палење бадникарски огнови. Рано изутрина, пак, Рождеството Христово ќе го најават децата коледарчиња.

Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според обичајот оваа вечер не се оди на гости. Се прави богата, посна трпеза. Домаќините се трудат да принесат од се по нешто за да им биде богата трпезата во текот на целата година. Се меси погача, а во некои места се прават зелници во кои се става паричка. Се верува дека оној кај кого ќе падне паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Пред почнувањето на вечерата на која сите се собрани, домаќинот ја благословува трпезата, го крши кравајчето, а некаде го дели зелникот, на толку делови колку што има членови во семејството, оставајќи уште дел за Бога и дел за куќата.

Исто така, вечерта во огнот се става бадниково гранче кое се смета за најздраво дрво, за да бидат здрави сите во семејството. Бадниковите гранчиња се симбол на среќата, љубовта и светлината, со кои православните верници ги украсуваат домовите за Бадниковата вечер, во пресрет на Божик, најголемиот христијански празник.







Статијата е прочитана 605 пати.


Испрати коментар



Честитка од премиерот Груевски за Божик
Ќе се гради Аква парк во СРЦ „Борис Трајковски“
(ФОТО) Стотина луѓе исчезнаа во пеколот на Тасманија
Асад нуди нова влада и амнестија
Грција се подготвува за антифашистички протести
(ФОТО) Даниел Воиновски го презеде кумството на скопското бадникување
Четитка од лидерот на опозицијата Црвенковски по повод Божик
Славејчињата на коледе кај претседателот
Пешак почина во сообраќајна несреќа во Скопје
Православните христијани го слават Бадник
Честитка од Иванов за Божик
(ФОТО) Скопје во знак на коледарските огнови
Три лица убиени во престрелка во Аурора
Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
Билт - ЕУ опстана и покрај најавите за распаѓање
Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти
До 24.000 денари месечно за студирање на децата без родители
Шестмина Руси загинаа на моторна санка на Алпите
Мексикански претскажувач - Чавес ќе почине до април, нова војна на Блискиот Исток
Скопјани традиционално 21. пат заеднички ќе го прослават Бадник
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори
Божикно обраќање на поглаварот на МПЦ, Стефан до верниците
„Стандарт“ - Самарас кај Борисов заради Македонија
Владика Петар
Почна пријавувањето за Водици
Бадникарски собир пред Соборниот храм
Британски „Сан“ со реклама ги брани Фокландите
Финализиран договорот за новата сала „Јане Сандански“
Царината лани наплати повеќе средства од планираните
Ќе извезуваме и медицински радиоизотопи
Во вторник вонредна седница на Централниот одбор на СДСМ
Депонијата Дрисла ќе се модернизира
Девојка падна од прозорец, додека била на забава во Штип
ДПА ќе оди на избори
(ФОТО) Пожар во салата на КК „Работнички“
ЕУ повика да се смират страстите во Македонија
Вељаноски - Револтиран сум од обидот за злоупотреба на моите деца
Чавез се` уште тешко дише
Нимиц, сепак, ќе донесе предлог
Ослободен поранешниот началник на турскиот Генералштаб
Владата ги зголеми ученичките стипендии
Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“
Брамерц - Останаа злосторствата и страдањата на жртвите
Г.г. Стефан - МПЦ бара само да биде препозната како автокефална Црква
Џон Бојнер реизбран за претседател на Претставничкиот дом на САД
Вашингтон вознемирен за посета на шефот на „Гугл“ на Северна Кореја
Кога може да се пријавите за „Купи куќа, купи стан“
Две години условно за штипскиот кандидат за градоначалник од СДСМ
Почна одбројувањето за визите
Фалсификатите ни доаѓаат од Кина, ��урција и Бугарија
Стаса последната тура двокатни автобуси
Геронтологија „13 Ноември“ комплетно реновирана до февруари
„Балкан енерџи“ сака да инвестира и во „Чебрен“ и „Галиште“
Утврден идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во Охрид
„Шведски демократи“ против муслиманскиот наталитет
Обама потпиша - суперданок за супербогатите
Декември рекорден по продажби на огнено оружје во САД
Продолжува „сечата“ на генерали во Турција
Владата ќе гради 474 социјални станови
Третина плата за пратениците кои бојкотираат
Градоначалникот на Гази Баба го посети првото новороденче во 2013
„Шведски демократи“ бараат ограничување на наталитетот меѓу муслиманите
Промоција на нови 79 двокатни автобуси
Над сто лица починаа од студ во индиската држава Утар Прадеш
Ал Џезира го купи кабелскиот канал на Ал Гор
Хилари Клинтон ја напушти болницата
Протести на Сојузот за иднината



suze, 05.01.2013 14:39:06
Нека ни се честити празниците,ама зошто никој не го спомнува дополнителното загадување со палењето огнови?АЛООО,СЕ ЗАГУШИВМЕ.......
Православен, 05.01.2013 20:52:47
Од свештеничко семејство сум од секогаш, и во социјализмот и пред тоа и во турско. Ги распрашава сите родини, се изначитав насекаде ама никаде не прочитав ниту пак паметам дека на 5ти јануари е накекаов празник на палење огнови, коешто нема ама ништо заедничко со православното учење, та да требаше да биде така, Грција, најправославната земја ќе гореше цел 23то декември. Срамота е црквата што молчи на овој чист паганизам, со кој единствено албанските компии ни се потсмеваат како што им се смееја на Србите на Косово. Плус се пука и се прави војна во која као ќе сме победеле кои тиа ние и која тоа војна. Од друга страна сиромави православни смрзнуваат дома без дрва, а само на една ваква глупост се тропат најмлку 3 кубика. Башка градот забрани печење ајвар со две три запалени гајбички и лектири, а ваму доволува ваков садо-мазо божен православно, со 20-30 пати повеќе чад нечистотија, паркирани коли како на панаѓур и 100 поголеми глупиости и нечистии од палењето ќумбенца за ајвар...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Недела
Облачно
Макс: 2°C, Мин: -2°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: 1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |