Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.01.2013, 17:44

Владика Петар: Има политика во австралискиот црковен спор

Митрополитот тврди дека во случајот се замешани генералот Ангелов и градоначалникот на Охрид, Петрески

Битола - Политиката замешала прсти во црковниот спор во Австралиско-новозеландската епархија, тврди владиката Петар, кој вели дека во случајот се вмешани и лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов и охридскиот градоначалник Александар Петрески. Владиката Петар тоа го поткрепува со свои информации, според кои во групата што отишла во Црна Гора да го моли владиката Михајло да го хиротониса архимандритот Царкњаз во владика, биле Игор Александров и генералот Стојанче Ангелов.

„Има политика ако во целата оваа работа го земете предвид прашањето за хиротонијата на Царкњас и на некои други игумени кои ќе станеле владици во Австралија. Во групата што отиде во Црна Гора беше и генералот Ангелов, тој беше предложен од Александров за иден пратеник во македонското Собрание. Гледано од тој аспект, има мешање и на политиката“, рече Владиката Петар додавајќи дека и охридскиот градоначалник Петревски кога бил во Австралија се среќавал со дел од „расколниците“ во таа далечна земја.

„Кога Охридското Езеро се закануваше да го поплави Охрид, Петревски наместо да го спасува градот, беше на средба со Ристо Алтин, со расколници за да ги поддржи и да ги велича на некоја прослава. И таму тоа беше исклучиво терање политика“, рече владиката Петар.

По последните случувања во Австралија тој жали за поделеноста на верниците во Австралиско- новозеландската епархија.

„Нема човек на кого не би му било жал што има поделеност. Но, со сила никого не можете да натерате да биде верник. Луѓето си остануваат и натаму така како што си се скроиле. Кај некои луѓе тешко е да дојде до промена. Оти токму тоа е покајанието“, рече владиката Петар.

Што се однесува, пак, до судските трошоци за спорот околу црковниот имот во Австралија, владиката Петар вели дека тие паѓаат на товар на компаниите, а не на МПЦ.

„Одлуката за плаќање на трошоците не се менува, без оглед на тоа што спорот е на Апелација. Што ќе се случува понатаму, ќе биде друга постапка. Тука нема што да плаќа МПЦ, ќе плаќаат или тужените или тужителите. Значи, во овој случај ќе платат тужените “, рече митрополитот Петар.

Инаку, владиката Петар вели дека имотот во Австралија не може да се запише како имот на МПЦ се' додека не се донесе закон за старателство над имотите. За да се направи тоа треба сите црковни општини да се согласат дека имотот ќе се префрли во корпорација за Македонската православна црква. Потоа тоа треба да се регулира преку катастар, но дотогаш, вели митрополитот Петар, мора да стои на име на лица. (А.Б.)



Статијата е прочитана 792 пати.


Испрати коментар



Три лица убиени во престрелка во Аурора
Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
Билт - ЕУ опстана и покрај најавите за распаѓање
Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти
До 24.000 денари месечно за студирање на децата без родители
Шестмина Руси загинаа на моторна санка на Алпите
Мексикански претскажувач - Чавес ќе почине до април, нова војна на Блискиот Исток
Коледарските огнови го најавуваат Рождеството Христово
Скопјани традиционално 21. пат заеднички ќе го прослават Бадник
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избор��
Божикно обраќање на поглаварот на МПЦ, Стефан до верниците
„Стандарт“ - Самарас кај Борисов заради Македонија
Почна пријавувањето за Водици
Бадникарски собир пред Соборниот храм
Британски „Сан“ со реклама ги брани Фокландите
Финализиран договорот за новата сала „Јане Сандански“
Царината лани наплати повеќе средства од планираните
Ќе извезуваме и медицински радиоизотопи
Во вторник вонредна седница на Централниот одбор на СДСМ
Депонијата Дрисла ќе се модернизира
Девојка падна од прозорец, додека била на забава во Штип
ДПА ќе оди на избори
(ФОТО) Пожар во салата на КК „Работнички“
ЕУ повика да се смират страстите во Македонија
Вељаноски - Револтиран сум од обидот за злоупотреба на моите деца
Чавез се` уште тешко дише
Нимиц, сепак, ќе донесе предлог
Ослободен поранешниот началник на турскиот Генералштаб
Владата ги зголеми ученичките стипендии
Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“
Брамерц - Останаа злосторствата и страдањата на жртвите
Г.г. Стефан - МПЦ бара само да биде препозната како автокефална Црква
Џон Бојнер реизбран за претседател на Претставничкиот дом на САД
Вашингтон вознемирен за посета на шефот на „Гугл“ на Северна Кореја
Кога може да се пријавите за „Купи куќа, купи стан“
Две години условно за штипскиот кандидат за градоначалник од СДСМ
Почна одбројувањето за визите
Фалсификатите ни доаѓаат од Кина, Турција и Бугарија
Стаса последната тура двокатни автобуси
Геронтологија „13 Ноември“ комплетно реновирана до февруари
„Балкан енерџи“ сака да инвестира и во „Чебрен“ и „Галиште“
Утврден идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во Охрид
„Шведски демократи“ против муслиманскиот наталитет
Обама потпиша - суперданок за супербогатите
Декември рекорден по продажби на огнено оружје во САД
Продолжува „сечата“ на генерали во Турција
Владата ќе гради 474 социјални станови
Третина плата за пратениците кои бојкотираат
Градоначалникот на Гази Баба го посети првото новороденче во 2013
„Шведски демократи“ бараат ограничување на наталитетот меѓу муслиманите
Промоција на нови 79 двокатни автобуси
Над сто лица починаа од студ во индиската држава Утар Прадеш
Ал Џезира го купи кабелскиот канал на Ал Гор
Хилари Клинтон ја напушти болницата
Протести на Сојузот за иднината



Petre, 05.01.2013 05:02:45
Go citam ova na site mak portali i me zacuduva faktot deka nikade nema komentari od citatelite? Recenzija ili poslusnost e vo prasanje? Sepak ne zaboravajte deka nie cesnite vernici na MPC OA vo Avstralija ke si go kazeme posledniot zbor i ic nema da ve fermame vas i raskolnicite od kompaniskite privatni crkvi, a bogami nie sme mnozinstvoto sto vie novinarite treba da go znaete , a ne da pisuvate proizvolno i po diktat na onie sto sakaat da ne rasturat kako zaednica. Na dedoto Timotej mu sugeriram da ne se vpusta vo avanturi bez granici , bidejki se ima kraj. Se nadevam ne vi se mesam vo novinarskata politika na vasiot vesnik.
Ѓорѓи богослов, 05.01.2013 08:11:03
Во МПЦ би се средила состојбата само кога овој човек би се од неа одстранил. Тој е владика по професија , по занимање, а никако по призив од Бога, ако воопшто за него Бог постои. Веќем ред е еднаш за секогаш МПЦ да се ослободи од владиците кои тоа постанале затоа што , за нивна жал, постанале вдовци и тоа им е единствена квалификација, подготовка и способност за вршење на една таква возвишена служба која е од голема важност за секоја православна црква. Во историјата на црква ке остане забележан како осамен пример владика да се тужи со својата паства.
селанец, 05.01.2013 08:53:18
А нели црквата е за духовното а нре материјално.
Разочаран од ВМРО, 05.01.2013 09:44:50
Единствена партија што отворено замеша политика во Австралискиот проблем е ВМРО-ДМНЕ со своето соопштение за јавноста пред седницата на Синодот на 12 Дек 2012 каде ја подржа поделбата на две Епархии. Партија која во своето мото има Македонско Национално Единство, подржува поделба и узурпатор на МПЦ (владиката Петар) кој има четири црковни имоти на свое име. Имотните листови се достапни на интернет.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |