Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
04.01.2013, 12:06
Никси без милост кон „мамузите“



Њујорк на домашен терен го совладата Сан Антонио и стави крај на неговата серијата од шест победи во низа

И покрај тоа што го играа четвртиот меч за само пет дена, стратегот на Спарси Грег Попович на гостувањето во „Медисон Сквер Гарден“ ги понесе сите адути со кои што во моментов располага, не повторувајќи го потегот од дуелот против Мајами Хит за кој што се зборуваше долго време, а притоа беше и казнет. Овој пат во акција беа Тим Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили, но и покрај ова Сан Антонио загуби од Њујорк (100:83) за крај на серијата од седум победи во низа.

Натпреварот во „Големото јаболко“ беше доста интересен, но само во првите три четвртини, по што Никси предводени од Кармело Ентони и неговите 23 поени и осум скока во своја корист го завршија големото дерби. Покрај него на ниво на задачата беа Џ.А. Смит со 20 поени и Стив Новак со 15 поени и одлични 5/7 за три поени.

„Целта им беше да ме исфрлат од игра. Најважно е дека погодуваме, Новак одигра добро, ма Смит продолжи со своите добри игри, додека Пабло беше добар организатор. Секој помогна на свој начин“, изјави по средбата Кармело Ентони.

Кај гостите Гери Нил имапе 12 поени, а додека Тим Данкан и Тони Паркер реализираа скромни 11 поени.

„Имаа висока реализација на шутот, видов дека нема да биде добро за нас. Имавме премалку „гориво“, нивната одбрана беше исто така добра. Тоа беше исто така лоша комбинација, по што почнаа да погодуваат, што пак дополнително ни ја отежна ситуацијата“, коментира стратегот на Сан Антонио Грег Попович.

Во вториот меч Минесота славеше во Денвер со 101:97. Алексеј Швед го доигра најдобриот натпревар засега, постигна 17 поени исто колку Џеј Џеј Бареа кој 12 поени постигна во последните десет минути. Покрај триумфот на Минесота и се случи голем пех. Имено во последната четвртина Кевин Лав се здоби со повреда на прстото поради што мораше да остане на клупата. Лук Риднаур и Андреј Кириленко постигнаа по 14 поени. На другата страна кај Нагетси најефикасни беа Тај Лосон и Коста Кугос со по 16 поени.





Статијата е прочитана 246 пати.


Испрати коментар



Македонија минимално загуби од Србија
(ФОТО) Будуќност повторно пречка за МЗТ Скопје
Победа за Антиќ, пораз за Мекејлеб
Клиперси го добија градското дерби со Лејкерси
Бадников оган „ќе гори“ и во „Борис Трајковски“
Пандев ја пречекува Рома во дербито на Серија А
Челзи го претстави голгетерот од Њукасл
Ефремов најдобар атлетичар за 2012
Швеѓанката Еклунд за малку ќе си го пресекла вратот со скија
Полицијата ги идентификува расистите кои го навредувале Боатенг
Пато се враќа во Бразил, ќе игра за Коринтијанс
Хасани на трансфер-листа во Волфсбург
Полска не стравува за Пипан
Клиперси тргнаа во погрешен правец!
„Сеча“ на носители во второто коло во Доха
„Фенерџијата“ подобар од европскиот првак
Ракометарите комплетни во Ниш

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |