04.01.2013, 12:56 Чавез се` уште тешко дише
Претседателот на Венецуела Хуго Чавез се` уште има белодробна инфекција која му го отежнува дишењето, додека заздравува од операцијата од рак извршена на 11 декември во една кубанска болница, соопшти денеска венецуелскиот министер за информации Ернесто Вијегас.
Според Вијегас, „командантот Чавез“ има компликации како последица на „острата белодробна инфекција“.
- Оваа инфекција предизвика респираторни проблеми, кои налагаат „командантот Чавез“ стриктно да се приддржува кон медицинските процедури, се наведува во кратко соопштение прочитано од министерот, без да се даваат други детали.
Вијегас за француските медиуми изјави дека во странство се води „психолошка медиумска војна“ околу здравоствената состојба на претседателот, чија крајна цел е да се дестабилизира Венецуела. |