04.01.2013, 11:57 Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“
Директорот на Државниот студентски центар „Скопје“ – Скопје Крешимир Павиќ поднесе оставка на функцијата што ја извршуваше од февруари 2007 година. На негово место е именуван нов в.д. директор Даниела Темелкова.
Како што соопшти денеска Министерството за образование и наука, Даниела Темелкова е дипломиран педагог на Филозовскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во моментов на овој факултет Темелкова го изработува магистерскиот труд во областа на „Менаџирање во образованието“.
Професионалното искуство Темелкова го стекнува преку работата како педагог во основно училиште и воспитувач во детската градинка „Буба Мара“, општина Аеродром, каде од август 2010 година ја врши функцијата директор.
|
Статијата е прочитана 1268 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Mali diktatori koi mislat deka ce stanat goelmi!, 04.01.2013 16:29:59 | Samo mali diktatori se okruzuvaat so minorni ludje i mislat deka na toj nacin ke bidat golemi!? |
| На фотографијата е Кузман!, 05.01.2013 00:24:01 | На фотографијата е студентскиот дом Кузман Јосифовски -Питу, познат како КУЗМАН...каде во 1980-82 година студентите го изведоа студентскиот пуч и ја превзедоа контролата со Студентските домови и населби во Скопје. Вечна благодарност на студентските водачи кои на тогашната власт и покажаа дека во Македонија живеат Македонци способни за дела поголеми од нив самите. Денес тие се или во најзрелите години од животот или во зенитот на нивните професии. Од нив би се очекувало да ја изменат Македонија во ДЕМОКРАТСКА ДРЖАВА!
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 3°C
Претежно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
|
Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|