04.01.2013, 15:19 Во вторник вонредна седница на Централниот одбор на СДСМ
Во вторник, веднаш по божикните празници, СДСМ ќе одржи вонредна седница на Централниот одбор, на која ќе ги разгледува сите аспекти на актуелната политичка состојба и ќе се донесат крупни одлуки за идното политичко дејствување на опозицијата. На седницата, освен членовите на Централниот одбор, ќе бидат присутни и претседателите на сите општински организации на СДСМ низ Македонија, заедно со пратениците, градоначалниците и досега утврдените кандидати за градоначалници.
Продлабочувањето на политичката криза, според СДСМ, би можело да се избегне со формирање друг формат на Влада, без разлика како таа би се нарекла, техничка, експертска, концентрациска, во која СДСМ воопшто не е заинтересиран да учествува, чиј единствен мандат би бил организирање фер, слободни и ��емократски избори. |