04.01.2013, 14:51 ДПА ќе оди на избори
Претседателот на партијата Мендух Тачи по средбата со британскиот амбасадор Кристофер Ивон изјави дека се подготвуваат за истакнување кандидати во сите општини каде што има Албанци
Демократската партија на Албанците ќе учествува на локалните избори. Претседателот на партијата Мендух Тачи по средбата со британскиот амбасадор Кристофер Ивон изјави дека се подготвуваат за истакнување кандидати во сите општини каде што има Албанци, освен во Кичево каде досега не добивале ниту еден глас.
Според него, многу работи треба да се поправат до март, но дека партијата не размислува да ги бојкотира изборите. Што се однесува до парламентарните избори, Тачи смета дека треба да се одржат во редовниот термин и дека владата има легитимитет да го истера целиот мандат.
„Ние не сме за предвремени парламентарни избори или за некоја друга Влада. Не оспоруваме оти ДУИ го има легитимитетот и дека победи на изборите во 2011. Подготвени сме да ги чекаме до редовните избори, под услов тие да ги преземат одговорностите и тие ветувања што ги дадоа пред Албанците да ги исполнат“, изјави лидерот на ДПА.
|