Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.01.2013, 09:45

Брамерц: Останаа злосторствата и страдањата на жртвите

Главниот хашки обвинител смета дека дoказите сместени во 1.300 страници биле доволни за да се осудат Готовина и Маркач

Главниот хашки обвинител Среж Брамерц изјави дека доказите сместени во 1.300 страници биле доволни за едногласно да се осудат хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач, но дека мора да се прифати и фактот дека тројца од петте судии тоа го виделе поинаку.

- Немаше да ме изненади доколку доказиите што беа изведени во текот на двегодишниот процес и без собрани на 1.300 страници од првостепената пресуда, беа доволни едногласно да се потврди првостепената осудувачка пресуда. Меѓутоа, мораме да прифатиме дека тројца од петте судии тоа го видоа поинаку, рече Брамерц во интервју за „Новости“.

То наведе дека ги разбира емотивните реакции во Србија, „особено бидејќи нема сомнение дека злосторствата се сторени во текот на настаните на кои пресудата се однесува. Во текот на целата жалбена постапка во предметот Готовина, на Жалбениот совет му објаснувавме зошто сметаме дека има доволно докази за потврдување на едногласната првостепена пресуда на Судскиот совет. Фактот дека жалбената пресуда ја донесе минимален број судии што е потребен за мнозинство, како и дека таа беше проследена од силно издвоено мислење, веројатно придонесе за негативната перцепција кај многумина во Србија“, рече Брамерц.

- Не можам да кажам дека меѓународната правда покажа слабости. Повеќето судии донесоа пресуда во која се обидоа да ги применат правилата и постапките кои ги уредуваат жалбените процеси пред Меѓунардониот суд. Меѓутоа, реакцијата на јавноста покажа дека постои јаз меѓу постапката на одлучување и пресудата од една страна и начинот на кои ги разбираат заедницата и жртвите, и надворешниот фактор од друга страна, истакна тој.

На прашањето зошто тогаш се огласи со реакција, иако вообичаено не ги коментира пресудите, главниот обвинител на Трибуналот изјави дека прво сакал да ги уважи страдањата на жртвите.

- Реалноста е таква дека злосторствата се навистина сторени и во очите на жртвите и нивните семејства правдата не е задоволена. Потоа, околностите околу пресудата, особено остриот тон и соддржина на двете издвоени мислења, се необични. Конечно, сакав да ги поттикнам домашните правосудни органи да ја продолжат истрагата и гонењето на злосторствата сторени пред и по акцијата „Бура“, како и да ја изразам својата подготвеност да им помогнеме, со тоа што ќе им отстапиме информации од нашите бази на податоци, рече Брамерц.

Според него, обвинителството може да покрене постапка за преиспитување во рок од една година од конечната пресуда, но барањето ќе биде одобрено само доколку имаме докази за нови факти со кои странките не биле запознати во текот на постапката, а кои сме се потрудиле да ги пронајдеме и кое значително ќе влијаат на пресудата.

Тој напомена дека Србија не е странка во постапката и дека нема правни можности по прашањето на пресудата.


Статијата е прочитана 685 пати.


Испрати коментар



Три лица убиени во престрелка во Аурора
Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
Билт - ЕУ опстана и покрај најавите за распаѓање
Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти
До 24.000 денари месечно за студирање на децата без родители
Шестмина Руси загинаа на моторна санка на Алпите
Мек��икански претскажувач - Чавес ќе почине до април, нова војна на Блискиот Исток
Коледарските огнови го најавуваат Рождеството Христово
Скопјани традиционално 21. пат заеднички ќе го прослават Бадник
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори
Божикно обраќање на поглаварот на МПЦ, Стефан до верниците
„Стандарт“ - Самарас кај Борисов заради Македонија
Владика Петар
Почна пријавувањето за Водици
Бадникарски собир пред Соборниот храм
Британски „Сан“ со реклама ги брани Фокландите
Финализиран договорот за новата сала „Јане Сандански“
Царината лани наплати повеќе средства од планираните
Ќе извезуваме и медицински радиоизотопи
Во вторник вонредна седница на Централниот одбор на СДСМ
Депонијата Дрисла ќе се модернизира
Девојка падна од прозорец, додека била на забава во Штип
ДПА ќе оди на избори
(ФОТО) Пожар во салата на КК „Работнички“
ЕУ повика да се смират страстите во Македонија
Вељаноски - Револтиран сум од обидот за злоупотреба на моите деца
Чавез се` уште тешко дише
Нимиц, сепак, ќе донесе предлог
Ослободен поранешниот началник на турскиот Генералштаб
Владата ги зголеми ученичките стипендии
Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“
Г.г. Стефан - МПЦ бара само да биде препозната како автокефална Црква
Џон Бојнер реизбран за претседател на Претставничкиот дом на САД
Вашингтон вознемирен за посета на шефот на „Гугл“ на Северна Кореја
Кога може да се пријавите за „Купи куќа, купи стан“
Две години условно за штипскиот кандидат за градоначалник од СДСМ
Почна одбројувањето за визите
Фалсификатите ни доаѓаат од Кина, Турција и Бугарија
Стаса последната тура двокатни автобуси
Геронтологија „13 Ноември“ комплетно реновирана до февруари
„Балкан енерџи“ сака да инвестира и во „Чебрен“ и „Галиште“
Утврден идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во Охрид
„Шведски демократи“ против муслиманскиот наталитет
Обама потпиша - суперданок за супербогатите
Декември рекорден по продажби на огнено оружје во САД
Продолжува „сечата“ на генерали во Турција
Владата ќе гради 474 социјални станови
Третина плата за пратениците кои бојкотираат
Градоначалникот на Гази Баба го посети првото новороденче во 2013
„Шведски демократи“ бараат ограничување на наталитетот меѓу муслиманите
Промоција на нови 79 двокатни автобуси
Над сто лица починаа од студ во индиската држава Утар Прадеш
Ал Џезира го купи кабелскиот канал на Ал Гор
Хилари Клинтон ја напушти болницата
Протести на Сојузот за иднината

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |