04.01.2013, 14:43 Челзи го претстави голгетерот од Њукасл
Демба Ба и официјално е фудбалер на лондонски Челзи. Сенегалскиот интернационалец ги мина лекарските прегледи и го стави својот потпис за верност на тимот од „Стемфорд бриџ“. За трансферот на Демба Ба, кој ќе го носи дресот со број 29, Њукасл ќе добие седум и пол милиони фунти.
„Многу сум среќен и горд што станав дел од европскиот шампион. Ова е доста работа, како за мене така и за мојот некогашен клуб Њукасл. Никогаш нема да го заборавам периодот минат во „Сент Џејмс Парк“, рече Ба, кој своето деби го очекува на денешниот меч против Саутемптон во рамките на 3. коло од ФА купот.
|