Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.01.2013, 18:18
До 24.000 денари месечно за студирање на децата без родители



Покачување на висината на паричната помош за студирање на лицата коишто до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа, од 9.000 денари на 12.000 денари, ако користат социјален стан под закуп, односно од 18.000 денари на 24.000 денари, ако не користат социјален стан под закуп.

Ова е предвидено, како што рече на денешната прес-конференција министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, во последните измени на Законот за социјална заштита, коишто се во владина процедура по скратена постапка.

Додаде дека ова право во моментот го користат 67 лица, од кои 23 лица го остваруваат ова право во висина од 9.000 денари, а останатите 44 лица го остваруваат правото во висина од 18.000 денари.

- За оваа намена од Буџетот на Министерството за труд и соци��ална политика во моментов се издвојуваат средства во висина 12 милиони денари на годишно ниво. Со предложените измени е предвидено средствата коишто ќе им се исплаќаат на корисниците да изнесуваат 16 милиони денари на годишно ниво, што практично значи зголемување на вкупниот износ за 4 милиони денари на годишно ниво, рече Ристовски.

Тој информира дека пред да биде воведено правото, годишно во просек, на факултет се запишувале две до три деца со статус без родители и родителска грижа. За нецели две години од воведувањето на ова право, денес можноста за бесплатно студирање ја користат 67 лица.

- Овие измени се нашата новогодишна честитка за децата без родители и родителска грижа и сакам да потенцирам дека како Влада, ние и натаму ќе бидеме оние коишто никогаш нема да ги отават без грижа, односно оние коишто секогаш ќе размислуваат во насока на подобрување на нивната економско социјална положба во нашето општество, истакна министерот Ристовски.

Владата на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика, како што потсети, изминатите години посветено работеа на подобрување на положбата на лицата коишто до 18-годишна возраст имале статус на деца без родители и без родителска грижа.

- Се работеше на подобрување на нивната економско-социјална положба, преку зголемување на износот на еднократна парична помош по напуштање на Установата од 30.000 на 180.000 денари, се преземаа мерки за нивно полесно вработување во чија насока беа неодамна усвоените законски измени со коишто им се обезбедува работа во јавните и државните институции по напуштање на Установата во којашто биле сместени, рече министерот.

Се работеше, како што додаде, и на обезбедување станови за социјално домување и нивно оспособување за самостоен живот, како и нивна полесна интеграција во социјалната средина.



Статијата е прочитана 364 пати.


Испрати коментар



Честитка од премиерот Груевски за Божик
Ќе се гради Аква парк во СРЦ „Борис Трајковски“
(ФОТО) Стотина луѓе исчезнаа во пеколот на Тасманија
Асад нуди нова влада и амнестија
Грција се подготвува за антифашистички протести
(ФОТО) Даниел Воиновски го презеде кумството на скопското бадникување
Четитка од лидерот на опозицијата Црвенковски по повод Божик
Славејчињата на коледе кај претседателот
Пешак почина во сообраќајна несреќа во Скопје
Православните христијани го слават Бадник
Честитка од Иванов за Божик
(ФОТО) Скопје во знак на коледарските огнови
Три лица убиени во престрелка во Аурора
Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
Билт - ЕУ опстана и покрај најавите за распаѓање
Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти
Шестмина Руси загинаа на моторна санка на Алпите
Мексикански претскажувач - Чавес ќе почине до април, нова војна на Блискиот Исток
Коледарските огнови го најавуваат Рождеството Христово
Скопјани традиционално 21. пат заеднички ќе го прослават Бадник
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори
Божикно обраќање на поглаварот на МПЦ, Стефан до верниците
„Стандарт“ - Самарас кај Борисов заради Македонија
Владика Петар
Почна пријавувањето за Водици
Бадникарски собир пред Соборниот храм
Британски „Сан“ со реклама ги брани Фокландите
Финализиран договорот за новата сала „Јане Сандански“
Царината лани наплати повеќе средства од планираните
Ќе извезуваме и медицински радиоизотопи
Во вторник вонредна седница на Централниот одбор на СДСМ
Депонијата Дрисла ќе се модернизира
Девојка падна од прозорец, додека била на забава во Штип
ДПА ќе оди на избори
(ФОТО) Пожар во салата на КК „Работнички“
ЕУ повика да се смират страстите во Македонија
Вељаноски - Револтиран сум од обидот за злоупотреба на моите деца
Чавез се` уште тешко дише
Нимиц, сепак, ќе донесе предлог
Ослободен поранешниот началник на турскиот Генералштаб
Владата ги зголеми ученичките стипендии
Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“
Брамерц - Останаа злосторствата и страдањата на жртвите
Г.г. Стефан - МПЦ бара само да биде препозната како автокефална Црква
Џон Бојнер реизбран за претседател на Претставничкиот дом на САД
Вашингтон вознемирен за посета на шефот на „Гугл“ на Северна Кореја
Кога може да се пријавите за „Купи куќа, купи стан“
Две години условно за штипскиот кандидат за градоначалник од СДСМ
Почна одбројувањето за визите
Фалсификатите ни доаѓаат од Кина, Турција и Бугарија
Стаса последната тура двокатни автобуси
Геронтологија „13 Ноември“ комплетно реновирана до февруари
„Балкан енерџи“ сака да инвестира и во „Чебрен“ и „Галиште“
Утврден идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во Охрид
„Шведски демократи“ против муслиманскиот наталитет
Обама потпиша - суперданок за супербогатите
Декември рекорден по продажби на огнено оружје во САД
Продолжува „сечата“ на генерали во Турција
Владата ќе гради 474 социјални станови
Третина плата за пратениците кои бојкотираат
Градоначалникот на Гази Баба го посети првото новороденче во 2013
„Шведски демократи“ бараат ограничување на наталитетот меѓу муслиманите
Промоција на нови 79 двокатни автобуси
Над сто лица починаа од студ во индиската држава Утар Прадеш
Ал Џезира го купи кабелскиот канал на Ал Гор
Хилари Клинтон ја напушти болницата
Протести на Сојузот за иднината



Трпе, 05.01.2013 22:08:40
Се е убаво мора да им се помогне.Но што ке прават кога ке завршат а нема да земат толкави плати знаејки колкави се платите во земјата на аце големиот.А тогаш ке треба и семејства да одгледуват.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 0°C

Претежно облачно

Недела
Облачно
Макс: 2°C, Мин: -2°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: 1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (45)
Инцидентот на Бајкалско Езеро.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |