Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
03.01.2013, 16:17

Почна одбројувањето за визите



Гералд Кнаус предупредува дека е можно веќе летово македонските граѓани повторно да се редат за визи пред западните амбасади

Слободанка Јовановска

Гералд Кнаус од Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) вчера од празничната еуфорија не' врати во мрачната реалност. Во извештај од триесетина страници тој ги предупреди Македонците, Србите и другите граѓани во регионот, кои три години ги користат предностите на безвизниот режим, дека може да им се случи веќе од летово повторно да стојат во редици пред европските амбасади.

„Ризикот овие земји да се соочат со клаузулата за суспензија на безвизниот режим, штом ќе биде прифатена, е реална и се' поголема. ЕК е веќе под енормен притисок од мнозинството земји членки, а со изборите во Германија во септември годинава, повиците да се одговори на проблемот со балканските азиланти само ќе стане погласен. Веќе летово граѓаните на Западниот Балкан може повторно да се редат пред западните амбасади за да аплицираат за виза“, предупредува Кнаус во извештајот објавен деновиве.

Причина за запалениот црвен аларм е очекувањето т.н. заштитна клаузула - која ќе отвори пат за суспензија на безвизниот режим на шест, а потоа уште на шест месеци, што пак, ќе резултира со враќање на одредена земја на „црната шенген-листа“ - да биде усвоена многу бргу, наредните два или три месеци.

Според ЕСИ, веднаш потоа една или повеќе земји кои се соочени со значаен пораст на барања за азил од Македонија или другите земји ќе можат да побараат суспензија на безвизниот режим, нешто за што ЕК ќе мора да реши најмногу за три месеци, одлука што ќе мора да ја поддржат земјите членки само со просто мнозинство, а не со консензус. Оваа, како што ја нарекува ЕСИ, драконска мерка ќе биде огромно враќање назад на Брисел во однос на регионот и на визната политика и ќе има негативен ефект на идните одлуки за либерализација на визите. Бидејќи сите мерки што ги презедоа земјите од регионот не дадоа резултати, туку напротив, бројот на азилантите достигна нови рекордни височини, ЕСИ ги повикува Брисел и земјите членки да го преиспитаат и својот дел од вината за тоа.

Според податоците на ЕСИ, само до октомври 2012 година бројот на барателите на азил од Балканот во земјите членки на ЕУ пораснал на 33.000, наспроти регистрираните 26.000 целата претходна година. На листата на земји од кои доаѓале најмногу азиланти во ЕУ, само нашите се на белата шенген-листа, т.е. немаат визи. На врвот е Србија со речиси двојно повеќе баратели на азил од Македонија, што овие две земји ги прави најквалификувани за суспензија на безвизниот режим. Она што ги збеснува Европејците е што само два отсто од барателите од регионот навистина добиле азил, наспроти 21 отсто од другите земји, што само ги зацврстува нивните аргументи дека масовно се злоупотребува нивниот систем за азил. Најкуриозитетен е притоа случајот со Луксембург, кој во однос на бројот на жителите има 30 пати повеќе барања за азил отколку Германија, иако во бројки таа е на врвот на листата на загрозени земји. Откако Уставниот суд на Германија наложи помошта за семејствата што бараат азил од 120 да се зголеми на 420 евра месечно, покрај сите други привилегии, нивниот број драстично се зголемил.

Затоа ЕСИ бара од Брисел да ја стегне јамката околу азилантите, т.е. да ги прогласи земјите од регионот како земји со безбедно потекло и, како клучно, да наложи кратење на постапката од три до осум месеци, колку што е сега во некои членки на ЕУ, на само три и пол недели. Иако сите земји членки на ЕУ се обврзани на азилантите да им обезбедат сместување, храна, облека, дневници, медицинска помош и настава за децата, на удар на азилантите се само оние во кои процедурата сега е премногу долга, како Германија, Белгија, Шведска и Луксембург. „Проблемот не е недостиг од информации за безвизниот режим, туку обратно, многуте информации за бенефициите за барателите на азил“, предупредува ЕСИ, додавајќи дека наспроти овие четири загрозени земји, оние кои спроведоа специјални брзи постапки за разгледување на барањата - сега имаат намалување на барањата место пораст. Швајцарија, како драстичен пример, која не е дел од ЕУ но се соочи со истиот проблем, азилантските барања ги решава за 48 часа, а барателите имаат пет дена откако ќе ја добијат одлуката да ја напуштат земјата.

Ако се усвои ова укажување на ЕСИ, нашите баратели на азил наскоро ќе потрошат повеќе време и пари за пат до европските земји отколку што ќе можат да го наплатат тоа во бенефиции. Ако не, не ни бегаат редиците пред амбасадите.


Статијата е прочитана 6165 пати.


Испрати коментар



Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
Билт - ЕУ опстана и покрај најавите за распаѓање
Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти
До 24.000 денари месечно за студирање на децата без родители
Шестмина Руси загинаа на моторна санка на Алпите
Мексикански претскажувач - Чавес ќе почине до април, нова војна на Блискиот Исток
Коледарските огнови го најавуваат Рождеството Христово
Скопјани традиционално 21. пат заеднички ќе го прослават Бадник
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори
Божикно обраќање на поглаварот на МПЦ, Стефан до верниците
„Стандарт“ - Самарас кај Борисов заради Македонија
Владика Петар
Почна пријавувањето за Водици
Бадникарски собир пред Соборниот храм
Британски „Сан“ со реклама ги брани Фокландите
Финализиран договорот за новата сала „Јане Сандански“
Царината лани наплати повеќе средства од планираните
Ќе извезуваме и медицински радиоизотопи
Во вторник вонредна седница на Централниот одбор на СДСМ
Депонијата Дрисла ќе се модернизира
Девојка падна од прозорец, додека била на забава во Штип
ДПА ќе оди на избори
(ФОТО) Пожар во салата на КК „Работнички“
ЕУ повика да се смират страстите во Македонија
Вељаноски - Револтиран сум од обидот за злоупотреба на моите деца
Чавез се` уште тешко дише
Нимиц, сепак, ќе донесе предлог
Ослободен поранешниот началник на турскиот Генералштаб
Владата ги зголеми ученичките стипендии
Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“
Брамерц - Останаа злосторствата и страдањата на жртвите
Г.г. Стефан - МПЦ бара само да биде препозната како автокефална Црква
Џон Бојнер реизбран за претседател на Претставничкиот дом на САД
Вашингтон вознемирен за посета на шефот на „Гугл“ на Северна Кореја
Кога може да се пријавите за „Купи куќа, купи стан“
Две години условно за штипскиот кандидат за градоначалник од СДСМ
Фалсификатите ни доаѓаат од Кина, Турција и Бугарија
Стаса последната тура двокатни автобуси
Геронтологија „13 Ноември“ комплетно реновирана до февруари
„Балкан енерџи“ сака да инвестира и во „Чебрен“ и „Галиште“
Утврден идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во Охрид
„Шведски демократи“ против муслиманскиот наталитет
Обама потпиша - суперданок за супербогатите
Декември рекорден по продажби на огнено оружје во САД
Продолжува „сечата“ на генерали во Турција
Владата ќе гради 474 социјални станови
Третина плата за пратениците кои бојкотираат
Градоначалникот на Гази Баба го посети првото новороденче во 2013
„Шведски демократи“ бараат ограничување на наталитетот меѓу муслиманите
Промоција на нови 79 двокатни автобуси
Над сто лица починаа од студ во индиската држава Утар Прадеш
Ал Џезира го купи кабелскиот канал на Ал Гор
Хилари Клинтон ја напушти болницата
Протести на Сојузот за иднината



Petreski, 03.01.2013 16:36:30
Ako EU resila i da go povrati vizniot rezim za Balkanskite preostanati drzavi neka i pravi sto saka,Znaci nie sme bezbednosna zakana za niv. Treba nie da go svrtime politickiot kurs onamu kade ne cenat a so EU da vospostavime reciprocitetni odnosi. I onaka do sega Eu ne smeta za amlo dete pa ni drzi lekcii sto i kako i so kogo a ponekogas i vospitni samari. Dali toa ni e potreno i dali ni se iskreni priateli i dali voopsto se raboti za EU ureduvanje ili toa e nekoja rastimuvana filhamonija nesposobna samata sebesi da se odrzi.
Stojko, 03.01.2013 16:42:18
Тоа е затоа што се толерира во своите активности оној бивш криминалец, а сега пратеник за жал, што го покажува прстот пред Собрание на РМ.
Dragan, 03.01.2013 16:53:38
Kolku nema vrska ovoj covek! Postojano treska gluposti, de za voveduvanje vizi, de za menuvanje ime na RM vo nekoja glupava varijanta... Se cudam zosto mediumite voopsto mu davaat prostor?
Bravo, 03.01.2013 17:22:12
Bravo!!!
НЕВЕН ГНЕВЕН, 03.01.2013 17:47:12
Се е можно! Но за тоа не се криви граѓаните на Македонија, туку кривицата е до МВР, бидејќи ниту знаат, ниту умеат да ги запрат потенцијалните азиланти. А тие се знае кои се и која туристичка агенција ги пренесува.
Baba Zumbula, 03.01.2013 18:03:42
Do Dragan,nisto ne e slucajno.Naprotiv,zagrizuvacki e.Da pogledneme od druga dimenzija,voveduvanje vizi,potraga po poveke BG pasosi.So tek na vreme najloso scenario,crveni linii.Pu,pu skraja bilo.Politikata na golemite sili e premnogu necista,da ne kazam gnasna.So sigurnost se znae da problemot so vrakanje na vizniot rezim e kreiran od opozicijata.Tie imaat turisticki agencii kade se vetuva na lugjeto brda i dolini,med i mleko vokolku gi koristat uslugite na tie agencii.Vo megjuvreme dodeka patuvaat pijat isklucivo Coca Cola limenki makedonski brend koi se otvaraat zadolzitelno so rudimentiran sreden prst,a obavezno se dava i gol so peta.Vakvite turisti obicno mozat da se najdat pred sedisteto na opozicijata kade ucat ubrzan kurs po ekonomski nauki kako bi bile spremni da se nosat so predizvikot recesija vo Evropa.Vokolku se pojavat 2 do 3 pati pred sedisteto na opozicijata mozat i da dobijat tituli na Dr ili Mr po ekonomski nauki.Poveke informacii od FELIKS,teflonceto na Evda.
EU, 03.01.2013 19:38:51
Kako MK moze da si dozvoli poradi nekolku nesovesni romski familii, ponovo da dobie vizen rezim.Nese vinovni samo Mk organi, vinovni se isto taka i organite od EU, sto voopsto im dozvoluvat na takanarecenite Azilanti da ostanat vo EU i da zivejat na tuz grb, se dodeka se resi nivnoto azilsko barenje,koga odnapred se znae deka ke bide odfrleno;- ali toa e cilot na azilantite, a kakvi posledici ke imat ostanatite posteni 2 mil. gradjani negi interesira.
казабланка, 03.01.2013 21:56:31
Ме интересира дали и за укинување на безвизниот режим ќе не понижуваат и уценуваат со исполнување услови кон соседите членки на ЕУ, Јунистан и Татаристан.
veles, 03.01.2013 23:05:47
ne se samo romite ima i albanci makedonci i drugi vie ne sfakate deka lugeto nemaat rabota i moraat da se snaogaat mladite ne rabotat za 200evra i zatoa baraat sekakva sansa za da ja napustat rm so 200evra ne se zivee problemov e mnogu pogolem otkolku sto mislime i ne ubeduvaat deka romite se samo ne e tocno toa
Matej, 03.01.2013 23:37:53
Луѓе, ве читам и ви се чудам на паметот! Какви азиланти, какви глупости? Официјално се пријавени 50тина Роми и Албанци од кај нас и за тоа се крева паника. Зошто никој не ги спомнува илјадниците азиланти од Босна и Србија и илјадниците имигранти од Бугарија и Романија. Па до кога ќе не лажат и ќе не прават овци?
Dedo zumbul, 04.01.2013 00:18:25
Do baba zumbul! Ama, bas si baba? Za se e opozicijata kriva? Koj e kriv sto se polneja avtobusi od sutka,pratenikot na tvojata pozicija,i pak si pie coka kola oti nema koj da mu rece nisto ,se e babicke procitano!Proveri od tvite parlamentarci koj ima a koj nema Bugarski pasos?I led ne gi lede vardar ne gi pere?.Pa vie za sto do denes ste ja prasale opozicijata? Za nisto ,taa e dekor za vasite gluposti i ,i kamen za plukanje,oti ako ne e taa vie ke pocnete sami da se plukate,plukaci ste vie babo rogo.I se drugo sto mu prilega na plukac,a luge pravi luge nikogas,no i toa ke pomine.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 9°C

Претежно облачно

Сабота
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ИНТЕРВЈУ) Никогаш не дозволив славата да ми удри в глава
„Дедо ми Иван секогаш ни велеше на нас, внуките: Имајте голема душа и отворено срце за сите. Тоа сум јас“, вели Катарина...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |