03.01.2013, 09:57 Над сто лица починаа од студ во индиската држава Утар Прадеш
Повеќе од сто лица починаа поради ниските температури во северната индиска држава Утар Прадеш.
Портпаролот на полицијата Сурендра Сристава изјави дека најмалку 114 лица починале од студ во Утар Прадеш, а најмалку 23 од нив животот го загубиле во изминатите 24 часа.
Повеќето од жртвите се сиромашни, а нивните безживотни тела се пронајдени во парковите или на тротоарите, истака Сристава.
Температурите во Утар Прадеш се движат межу четири и десет степени Целзиусови. Во Њу Делхи, кој се граничи со Утар Прадеш температурата вчера беше 9,8 степени, што е најниска измерена од 1969 година.
|