04.01.2013, 15:00 Девојка падна од прозорец, додека била на забава во Штип
Седумнаесетгодишна девојка од Штип паднала од прозорец, додека била на роденденска забава. Малолетничката при падот од пет метри височина, се здобила со сериозни повреди на главата, по што е пренесена на лекување на скопските клиники.
Според полицијата, несреќата се случила синоќа, 20 минути по полноќ во куќа на ул.„Крушевска Реублика“ во Штип. Девојчето било на забава заедно со нејзини врсници. Околу полноќ влегла сама во тоалет и по кратко време нејизните пријатели кои биле на забавата слушнале тап удар на местото под прозорот од тоалетот, од надворешната страна на куќата.
„Кога излегле ја забележале како лежи во бессознание и повикале Брза помош по што била пренесена во Клиничка болница во Штип со повреди на главата. Поради сериозност на повредите таа е прен��сена во Клинички Центар-Скопје“, велат од полицијата. Полицијата изштила увид и разговарала со присутните на забавата, за да се расветли ако се случила несреќата. (Х.Р.)
|