03.01.2013, 11:55 Третина плата за пратениците кои бојкотираат
Почнувајќи од овој месец пратениците на опозицијата кои го напуштија Собранието ќе земаат само третина од платата се додека ја бојкотираат неговата работата
Пратениците кои ја бојкотираат работата на Собранието односно пратениците од СДСМ, НСДП, ЛП, ПЕИ, СЛ и од НДП, како и други пратеници дел од нивните пратенички групи, почнувајќи од 01.01.2013 година ќе земаат плата во висина од 1/3 (една третина) од платата која им е исплатена во последниот месец, се додека ја бојкотираат работата на Собранието на Република Македонија.
Ова денеска го соопшти Собранието на Република Македонија, по одржаната редовна координација на претседателот на Собранието со потпретседателите на Собранието и координаторите на пратеничките групи, на 31 декември 2012 година.
На средбата, како што е наведено во соопштението, покрај за тековните активности на Собранието за периодот кој следи, присутните разговарале и за активирање на член 1 од Законот за дополнување на Законот за пратениците (Службен весник на РМ бр. 51 од 13.4.2011 година), односно за трите става кои предвидуваат висината на платата на пратеник кој не учествува во работата на Собранието (бојкотира) по јавно дадена изјава на пратеничка група чиј член е дека пратеничка група нема да учествува во работата на Собранието (бојкотира) изнесува една третина од платата која му е исплатена во последниот месец.
Висината на платата од ставот 2 на овој член се однесува и на пратеник кој не учествува во работата на Собранието на Република Македонија (бојкотира) по негова јавно дадена изјава дека нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија (бојкотира).
Примената на ставовите 2 и 3 од овој член, се подвлекува во соопштението, ја уредува претседателот на Собранието на Република Македонија, а одделни решенија носи Комисијата за прашањата на изборите и именувањата.
Согласно овие законски одредби, на координативната средба станало збор и за неопходноста од работата на формираниот правен тим во насока на документирање на сите аспекти за случувањата од 24 декември, како и од детектирање на одговорностите како последица на постапките, кои го нарушија угледот и достоинството на Собранието на Република Македонија.
По иницијатива на претседателот Трајко Вељаноски, на координацијата било заклучено дека треба веднаш да се продолжи со имплементацијата на мерките и проектите за јакнење на вкупниот парламентарен капацитет на Собранието на Република Македонија согласно одредниците од Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија во делот на Собранието на Република Македонија и современите меѓународни парламентарни стандарди и практики.
Во насока на континуирана и забрзана имплементација, Вељаноски ги известил присутните дека веднаш ќе даде задолженија за реализација на заклученото.
Присутните на координацијата постигнале согласност и за потребата од евидентирање на штетата направена при опструирањето на работата во неколку наврати на Законодавно-праваната комисија, при узурпирањето на фоајето пред Сала 1 на 23 и 24 декември, како и при недоличното однесување во пленарната сала на Собранието на 24 декември, кога како последица на непримерно однесување на пратениците од опозицијата беше нанесена и поголема штета на системот за гласање, мониторите на претседавачката маса, озвучувањето, како и на севкупната техника која овозможува нормално функционирање и реализирање на една пленарна седница.
Законот за дополнување на Законот за пратениците Собранието го донесе на 147. седница одржана на 11.4.2011 година. |
Статијата е прочитана 1266 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Mark, 03.01.2013 12:28:42 | Ok, jasno e deka DPMNE odi na prodlabocuvanje na konfrontacijata, bar se gleda vo koj pravec ke odi rabotata(nema veke dilemi..)! Ona sto zgrozuva e uvodnikot vo nivnata *Republika* vo koja ima najotvorena zakana za fizicka likvidacija na Crvenkovski! Ocigledno ima nekoi sto se vo sostojba na razdelba so umot, samo bas me interesira dali *supervizorot* od Kaleto ja gubi kontrolata - ili ne daj Boze...?? |
| ФЕЛИКС, 03.01.2013 13:06:33 | Тука има една лоша и една добра работа кога се работи за бојкотот на собранието од страна на опозициските пратеници.Лошата работа е таа што сме уставно неравноправни кога се работи за личен доход според вложен труд:Сите добиваат или отказ или нема личен доход воопшто ако некој се осмели да го бојкотира работното место.Додека пратениците ќе добијат 1/3 од последната плата а таа е со сите исплати е околу 1500 евра.Па така неработи лапни 500 евра.Добрата страна е што опозицијата направи напор да има заштеда во користењето на буџетски средства.Кога ќе се удри калемот едно вкупно 14-15 плати по 1500 евра заштеда месечно.Во вкупен износ 21-22000 евра кој можат да се употребат за многу попотребни работи(никако споменици) |
| kanagjanka, 03.01.2013 13:16:32 | E sega tek kje bide gungula pred Rekord!I tie sto ne izlegoa do sega -kje nagrnat!Kolku za posetuvanje:brojkite ne se vekje vazzni, vazzen e sostavot!Sekade vo svetot dvigatel e avangardata, a ne mnozinskite ovci. |
| Itar Pejo, 03.01.2013 13:37:59 | Normalno. Vo makedonskata demokratija pratenicite treba da bidat administrativci. Da doagaat na rabota i de krevaat raka koga ce im rece sefot. Felix ce kaze dali ova vazi za finite dami i gospoda (kako sto toj gi narekuva) od DUI. |
| ??, 03.01.2013 13:46:23 | Bau...znaci i na Ahmeti ke mu zemat tretina za 10 godini minus tri dena celi vo Sobranieto...? |
| krste, 03.01.2013 13:58:35 | Очигледна тенденција на воведување на т.н. МЕКА ДИКТАТУРА на ДПМНЕ-овците.......од нив друго и не се очекува.........
народот веќе ќе плаче по едноумието, ова е далеку полошо од се претходно..........ама изгледа и си го заслуживме, бидејќи сами си ги гласавме........Наздравје Македонијо........ |
| od dijasporeata, 03.01.2013 15:00:06 | GRESKA- Samo 5% od platata da dobivaat i toa im e mnogu so pozdrav. |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 03.01.2013 18:00:58 | Дали тој потрчко од председател на Парламент, кој му ги заносува на паторот на кривина, заборави дека на седници има ПРИСУТНИ 96, а ГЛАСАЛЕ вкупно 28 пратеника. Каде се другите? Им запре ли од платата? Така е од почетокот на Парламентот, а не сег�� ќе измислува закони. Јас сум за тоа, да секој кој одсуствува од седница, да не се пресметува и дава дневница и плата. |
| od ostrijot, 03.01.2013 20:57:15 | znaci diktaturata neznae za milost pratenicite od opozicijata kebidat duplo kazneti em kotek em paricno zbogum demokratijo. |
| Ljubotan Trade Name, 03.01.2013 22:39:25 | Od licno iskustvo,mozam da i pomognam na opozicijata .Ima mnogu vrsti bojkoti ,a ne mozat da se okarekterizaat kako ;bojkoti il sabotazi-saboteri,dali se; Drzavni, politicki il se ekonomski.Ako bese politicki il ekonomski bese lesno resenie,ce te ostavat bez Clenstvo i bez Rabota Vo dadeniov slucaj se raboti za, Drzavna Institucija-mnogu ubavo i najubavo resenije.toa se veli;Sleepy Filibuster,sto znaci ova? Odis na rabota vo drzavna institucija-sobranie so pernice i pokrivce ,ne moras ni so prst da mrdnes ,a ce si zemes 100% platicka .Kakov bre bojkot ,nisto ne razbrav i ne slusnav, i koj moze da me natera da glasam;da il ne,postoi toa ,bez mene,postoi li toa vo ustavot na RM?. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 9°C
Претежно облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C
|
Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“ |
|