Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.01.2013, 12:00
Владата ги зголеми ученичките стипендии



Стипендиите за учениците запишани во средните училишта во Република Македонија за учебната 2012-2013 година ќе се зголемат за 25 проценти, одлучи Владата на вчерашната седница.

Месечните износи за сите категории ученички стипендии, како што информираше владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција, линеарно се зголемуваат за 500 денари за сите пет видови стипендии кои активно ќе се доделуваат оваа година или за 5.000 денари на годишно ниво. Покрај износот, тој посочи дека за 10 отсто се зголемува и бројот на лицата кои добиваат стипендии.

- Стипендијата за талентирани ученици – спортисти која ја добиваат 120 корисници и чиј месечен износ изнесуваше 2.200 денари се зголемува на 2.700 денари. Месечниот износ на стипендијата за талентирани ученици од средното образование од 2.200 денари сега ќе изнесува 2.700 денари. Владата реши да го зголеми бројот на корисниците на оваа стипендија и од претходните 50 сега ќе ја добиваат 100 корисници, рече Ѓорѓиев.

Месечниот износ на стипендија за ученици со посебни потреби која ја добиваат 50 корисници и изнесуваше 2.000 денари сега ќе изнесува 2.500 денари, додека стипендијата за социјална поддршка што ја добиваат 400 корисници од по 1.500 денари се зголемува на 2.000. За 500 денари, рече Ѓорѓиев, се зголемува и месечниот износ на стипендијата за ученици – деца без родители од 2.000 на 2.500 денари, а ја добиваат 60 корисници.

- Финалната листа на добитници на ученички стипендии ќе биде објавена во текот на следната недела, истакна Ѓорѓиев.



Статијата е прочитана 473 пати.


Испрати коментар



Три лица убиени во престрелка во Аурора
Почина поранешниот државен јавен обвинител Александар Прчевски
Билт - ЕУ опстана и покрај најавите за распаѓање
Поддршка на туризмот и хотелиерството преку четири финансиски инструменти
До 24.000 денари месечно за студирање на децата без родители
Шестмина Руси загинаа на моторна санка на Алпите
Мексикански претскажувач - Чавес ќе почине до април, нова војна на Блискиот Исток
Коледарските огнови го најавуваат Рождеството Христово
Скопјани традиционално 21. пат заеднички ќе го прослават Бадник
ДУИ ги откри кандидатите за локалните избори
Божикно обраќање на поглаварот на МПЦ, Стефан до верниците
„Стандарт“ - Самарас кај Борисов заради Македонија
Владика Петар
Почна пријавувањето за Водици
Бадникарски собир пред Соборниот храм
Британски „Сан“ со реклама ги брани Фокландите
Финализиран договорот за новата сала „Јане Сандански“
Царината лани наплати повеќе средства од планираните
Ќе извезуваме и медицински радиоизотопи
Во вторник вонредна седница на Централниот одбор на СДСМ
Депонијата Дрисла ќе се модернизира
Девојка падна од прозорец, додека била на забава во Штип
ДПА ќе оди на избори
(ФОТО) Пожар во салата на КК „Работнички“
ЕУ повика да се смират страстите во Македонија
Вељаноски - Револтиран сум од обидот за злоупотреба на моите деца
Чавез се` уште тешко дише
Нимиц, сепак, ќе донесе предлог
Ослободен поранешниот началник на турскиот Генералштаб
Даниела Темелкова в.д. директор на Државниот студентски центар „Скопје“
Брамерц - Останаа злосторствата и страдањата на жртвите
Г.г. Стефан - МПЦ бара само да биде препозната како автокефална Црква
Џон Бојнер реизбран за претседател на Претставничкиот дом на САД
Вашингтон вознемирен за посета на шефот на „Гугл“ на Северна Кореја
Кога може да се пријавите за „Купи куќа, купи стан“
Две години условно за штипскиот кандидат за градоначалник од СДСМ
Почна одбројувањето за визите
Фалсификатите ни доаѓаат од Кина, Турција и Бугарија
Стаса последната тура двокатни автобуси
Геронтологија „13 Ноември“ комплетно реновирана до февруари
„Балкан енерџи“ сака да инвестира и во „Чебрен“ и „Галиште“
Утврден идентитетот на лицето чие тело беше пронајдено во Охрид
„Шведски демократи“ против муслиманскиот наталитет
Обама потпиша - суперданок за супербогатите
Декември рекорден по продажби на огнено оружје во САД
Продолжува „сечата“ на генерали во Турција
Владата ќе гради 474 социјални станови
Третина плата за пратениците кои бојкотираат
Градоначалникот на Гази Баба го посети првото новороденче во 2013
„Шведски демократи“ бараат ограничување на наталитетот меѓу муслиманите
Промоција на нови 79 двокатни автобуси
Над сто лица починаа од студ во индиската држава Утар Прадеш
Ал Џезира го купи кабелскиот канал на Ал Гор
Хилари Клинтон ја напушти болницата
Протести на Сојузот за иднината



Трпе, 04.01.2013 15:06:22
Еве зошто им требале задолжувањата на пропагандната влада.Можела да причека уште некој месец за стипендите на јадните ученици им ги дадат на лето барем некој ден да си поминат на летување.Досега не им требале пари можеле да живеат на шкрги.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 3°C

Претежно облачно

Недела
Ведро
Макс: 2°C, Мин: -4°C

Понеделник
Мешавина од снег и замрзнат дожд
Макс: -1°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (44)
Љубовницата на Тито.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |