Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Политика
04.01.2013, 18:23

Гошев: Не е лесно да се донесе одлука за бојкот

Во 1994 сметавме дека немаме друг избор, зашто ако нема регуларни избори, тогаш натпреварот нема никаква смисла. На тој начин ние го искажавме нашиот револт, се потсетува тогашниот претседател на Демократската партија

Татjана Поповска


Не е лесно да се донесе одлука за бојкот на избори. Но, во ситуација кога немаш никакви гаранции дека тие ќе бидат фер и демократски, дека нема да биде направен изборен фалсификат, тоа беше најлогичното и најочекуваното решение. Ова се дел од сеќавањата на Петар Гошев, поранешен претседател на Демократската партија (ДП), која заедно со ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Љупчо Георгиевски во 1994 година, го бојкотираше вториот круг на парламентарните избори.

Тоа, всушност, се единствените избори од осамостојувањето на Македонија, кои ги бојкотирала некоја партија или коалиција. Во услови кога на Македонија и' се заканува нов изборен бојкот, овој пат на локалните избори што треба да се одржат во март, тие настани стануваат повторно актуелни. Гошев е претпазлив во оцените на потезите на денешната опозиција предводена од Бранко Црвенковски. Нагласува дека по настаните во Собранието и пред него, во понеделникот на 24 декември, направена е голема штета. За разлика од Гошев, кој по завршувањето на мандатот како гувернер на Народната банка не е политички активен, но е присутен во јавноста преку своите анализи и видувања на политичките и економските текови, неговиот тогашен опозициски партнер Љупчо Георгиевски се врати во политиката и се здружи токму со лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, поради чија политика се одлучи на бојкот. Георгиевски вчера не беше достапен за да ги коментира најавите на опозицискиот фронт за бојкот на мартовските избори и да ги спореди денешните услови со условите во 1994 година.

Од денешна перспектива, Гошев не дава конкретен одговор дали пред речиси 20 години ја донеле вистинската одлука или не. Вели дека тоа е единствениот чекор што и' преостанувал на опозицијата во такви политички околности.

„Тогаш сметавме дека немаме друг избор. Ако нема регуларни избори, тогаш натпреварот нема никаква смисла. Не ни беше важно колку пратеници ќе имаме во Собранието. Дали еден, двајца или ниту еден, што можеше реално да се случи и да не ги бојкотиравме изборите. На тој начин ние го искажавме нашиот револт и незадоволство“, се потсетува Гошев.

Наспроти барањето на тогашната опозиција да има предвремени избори, кога беа собрани и над 150.000 потписи за референдум за ова прашање, владејачкото мнозинство предводено до СДСМ продолжи да функционира во парламентот без ниту еден претставник на македонската опозиција.

Отсуството на опозицијата во институциите на системот, особено во парламентот, според Гошев, негативно влијаело на демократските процеси. Вели дека нема демократија, нема напредок без конкуренција, без опозиција. Сепак, Гошев оценува дека ваквиот потег негативно се одразил на неговата ДП, чиј развој од тој момент тргнал во надолна линија.

„Тоа не важеше за ВМРО-ДПМНЕ. Бојкотот на изборите имаше различни ефекти врз двете партии. Не можам да кажам дека негативно влијаеше врз нив“, оценува тој.

По завршувањето на четиригодишниот мандат без опозиција, на следните избори во 1998 година ВМРО-ДПМНЕ заедно со Демократска алтернатива на Васил Тупурковски оствари убедлива победа.

Георгиевски во својата книга „Тоа сум јас“ се осврнува перидот од 1994 година и на одлуката за бојкот на изборите. Вели дека не гледа на тоа како на грешка, бидејќи бројот на пратениците што би ги освоеле немало ништо да значи. Вонинституционалното опозициско дејствување, смета Георгиевски, не се покажало добро за државата, но добро за партијата.

„Тогаш настапи времето на масовната приватизација и на масовните комунистички скандали предводени од СДСМ, а луѓето видоа дека не сме дел од тие процеси. На крајот тоа се круниса со една убава победа на изборите во 1998 година. Како тактичка стратегија тоа испадна многу добар потег. Иако морам да кажам дека тоа беше многу тежок период за ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ беше неприкосновен цар во Македонија, штабот беше многу денови празен. Тешко беше да се дочекаат новите парламентарни избори“, пишува во книгата на Георгиевски за периодот од 1994 до 1998 година кога беа вонпарламентарна опозиција, слично на она што денеска го најавува СДСМ.

И денес исто како и тогаш се очекува силен притисок од меѓународниот фактор и на двете страни. Гошев се сеќава дека по неговата изјава дека ќе ги бојкотираат изборите, состанок со него побарале четворицата клучни амбасадори на земји-членки на ЕУ - Англија, Франција, Германија и Италија.

„Ми ја пренесоа пораката од ЕУ дека треба да одиме во вториот изборен круг. Дури и нудеа гаранции дека вториот нема да биде како првиот изборен круг. Наспроти нивните убедувања, ние останавме на нашиот став“, раскажува Гошев, потсетувајќи се дека во тој период немало директна комуникација меѓу опозициските лидери со претседателот на СДСМ, Црвенковски.


Статијата е прочитана 3308 пати.


Испрати коментар



СДСМ однадвор јасен, а внатре маглив
Јолевски незаменлив во САД
Ставре Џиков охрабрен од лустрациските пресуди
Млади политички тимови - предност или хендикеп



jovan, 05.01.2013 01:26:19
Interesno kako istorijata se povtoruva. Mozebi ne vo detalji, no si se povtoruva. Istoto e i so modata. Velat , modata se povtoruva na sekoj 20 godini. Od 1994 do denes, eve pominaa 20 godini. Se prisetiv deka vo 1994ta glaven vo drzavava bese Latas koj na Sitel vo svojata emisija *Profil*, zestoko gi branese SDSM, a partal gi pravese VMRO. Duri bese opasno da bides VMRO, lesno se ostanuvase bez rabota. Denes e isto, samo malku se zameneti mestata na*zborovite* VMRO i SDSM, no akterite se povtorno istite, pa slobodno mozeme da kazeme deka kaj nas vsusnost ne stanuva zbor za povtoruvanje na istorijata(ili modata), nego stanuva zbor za traenje na ednoto isto eve veke 20godini.No izgleda krajot se blizi, pa reziraat toj kraj da bide sto po haoticen za da mozat polesno da izbegaat i da se sokrijat nekade.
ФЕЛИКС, 05.01.2013 08:01:41
Има една суштинска разлика која е огромна кога ќе се споредат едниот бојкот(реализиран) и вториот по се изгледа е тропа,не минува пишано со други зборови.Разликата е во тоа (Jovan ja превиде)што бојкот беше ПОСЛЕ ИЗБОРНИОТ ФАЛСИФИКАТ (кој влезе во легенди и митови во преданијата на народот)кој го направија денешниве неуспешни бојкотџии.А сега носителите на орденот фалц мајстор од прв ред со ловорики немоќно бојкотира предвреме,со финале,,одиме на избори,,Инаку некои злобници тврдат дека имало утврден договор во тоа време да се направи законска криминална приватизација без опозиција.Но тоа е веќе историја.И на крај подржувачите на Шатевци нека ја прочитаат книгата на коалицискиот партнер како лектира.А посебно поглавјето цитирано во написот околу приватизацијата.
karokan, 05.01.2013 11:13:13
Па секако дека има суштинска разлика ( и ќорава кока зрно погоди) во бојкотот од 1994 и сега најавуваниот.Првата разлика е што тогаш бојкотираа сегашните властодршци,а сега тогашните.Втора дека тогаш се бојкотираа парламентарни,а сега локални избори.Но едно нешто е заедничко!!!Во тие следни 4 години Реп.Македонија најмногу застана и заостана,а по овие избори,не да застане туку ќе се реконпонира,така што следните избори ќе следуваат во некој сосема друг територијален облик на држава,полудржава,протекторат и сл. п.с. Го предупредувам (по втор пат) бедата од коментатор “извинување без задршка“,дека повторно ќе играат “задните нозе и трновката)!!!!!!! Да го потсетам: Јас не м..ам на дипломата на своето дете, за никаква полит. структура!!!
Коста Стоименовски, 05.01.2013 12:32:38
Познато е дека и во плуралистички систем може ЛЕСНО да се владее доколку во парламентот нема опозиција. Меѓутоа, познато е исто така дека лесното владеење секогаш се враќа како бумеранг! Цената за ваквото владеење во периодот 1994-1998 година, СДСМ и Б. Црвенковски се уште ја плаќаат. Бев еден од ретките кој јавно пердупредуваше на штетите што со таквото владеење им се нанесуваа на државата и на граѓаните и кој предвидуваше дека лесното владеење ќе им се врати како бумеранг! Во оваа пригода не би сакал да се осврнувам на цената што морав да ја платам за таквата моја „антидржавна“ активност. Раководејќи се од истите принципи, настојувам да им укажувам на грешките, гафовите и глупостите и на актуелните властодршци, кои, за жал, ми возвраќаат дури пожестоко и понемилосрдно во споредба со тоа што ми го правеа нивните главни политички ривали! Очекувам дека наскоро ќе му дојде крајот и на ова едно(без)умие!
stok, 05.01.2013 12:59:10
Гошев ако беше одлучен уште кога беше во реформираните комунисти ќе прифатеше премиерска функција ама му ја остави на Б.Ц. , а за бојкотот на изборите добро беше за Б.Ц. и Љубчо (затоа што и двајцата добро се офајдија од транзицијата) но не и за Македонија Македонскиот народ. Сега се повторува истата приказна . Бојкотот на изборите ќе биде добар за “диктаторот“ , но не и за Македонија . Но нашиот народ вели секое зло за добро па се надевам дека со ова ќе се отвори место за нова политичка опција на местото на “репресираната“ опозиција што ќе донесе нешто подобро за Македонија.
Добра меморија, 05.01.2013 13:55:26
Гошев ги бојкотираше изборите како противник на СДСМ. До април 2011 година беше гувернер на народна банка и молчеше како риба за политиките на власта. Чекаше да му помине и апанажата после мандатот, искористи се што можеше, отиде в пензија, па дури тогаш се јави со критики за власта. Треба да му е срам да се појави во јавност, а не сега нешто многу да расправа. Му текна три години после СДСМ да критикува за долговите на владата, а ќутеше кога требаше.
Орце, 05.01.2013 19:04:13
Многу зборови, големо писание и бегање од суштината. Во моментот кога автобусот со кој патуваш за Скопје е селективно сопрен од ПОЛИЦИЈА, во тој момент во Парламентот на клоци ги исфрлаат Пратениците кои не му се по кејф на Спикерот (тоа воопшто не ги вознемири симпатизерите на власта) и новинарите ги одстрануваат за да нема сведоци за ПИНОЧЕ-ДУЧЕ демократијата а и светот да не ни ја види резилијадата се е кажано. Таква власт да обезбеди фер избори е неможно. Истата лани си го покажа лицето со списковите по 15 потенцијални гласачи за вработување на државно. Бојкотот е безпредметна тема...
GO SAKAM SKOPJE, 06.01.2013 12:31:13
Na sekoja Vlda i e potrebna opozicija kade razlicnite mislenja i idei,vodat kon napredok. Zanci, deka taa e pozitivna. Ako nekogas SDSM ostana bez opozicijan,ako toa se smeta za nimna golema greshka,za nea bea *kazneti*. Da se potsetime deka toa e vremeto koga MAKEDONIJA GO PROBI NAJDEBELIOT LED i so ubav glas, izleze nadvor od svoite granici. Vistina,bevme vo siromashtija no polni so nedaz kako sto e vistina deka TIE GODINI podocna storija,da bideme doneseni do vratite na EU (kade ne zkopaa da vrat). Ako narodot na vremeto go kaznil SDSM toa ne znaci deba deneshnava Vlada trebe po nekoi svoi zerlbi da pravi Gebels propaganda zada potpolno iscezne edna partija ( 24 o.m;), so cija pomok i na nejzinite vodaci , postanavme DRZAVA! Sega ke ima mnogu *generali*koi ke kazat *sto ke beshe , ako beshe*...! A Goshev kog so pravo mozeme da go pocituvame , trebe i da go razbereme, kako sto rece poetot: *... malo je onih sa srcem junackim koji na talasima ostadoshe ko kamen..*!

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  
Што прават
 


Site Meter


Време
Скопје, -2°C

Делумно облачно

Четврток
Делумно облачно
Макс: 2°C, Мин: -2°C

Петок
Делумно облачно
Макс: 4°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (48)
Напуштена и гладна.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
Тројанската војна на стаклен сад од Стоби?
На изложбата „Археолошка Македонија 2012“ фасцинира и садот стамнос пиксида со еротски претстави и натписи...
Интервју - Ние сме народ кој живее во митолошко време
„Македонскиот народ е како некој што седи на врвот на вулканот, кој во секој момент може да експлодира, вели актерот Вла...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |