08.01.2013, 15:48 На еден телевизор две програми истовремено со 3Д-очила
„Самсунг“ излезе со нова технолошка иновација на еден телевизор да може да се гледаат две програми истовремено.
Станува збор за нов телевизор Ф9500, кој овозможува гледање две различни емисии истовремено. Телевизорот е прв во светот со т.н. синхронизирани „мултивју“ карактеристики што придонесува употреба на последната генерација на ОЛЕД-екрани.
Телевизорот овозможува две лица истовремено да гледаат различни фул-ХД содржини на ист екран со звук и управување. За да гледаат програма што ги интересира, корисниците мора да носат посебни 3Д-очила кои имаат вградени звучници. Испораката се очекува од крајот на март иако засега компанијата засега не обелодени цена за телевизорот. (Ек.Р.)
|