Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
08.01.2013, 15:23

„Депеш мод“, „Рамштајн“, Вотерс, Сатријани во Белград

Српската престолнина веќе ги најави концертите на големите музички ѕвезди кои ќе настапат до крајот на годината

Додека кај нас царува музичкиот молк, некои соседни културни дестинации веќе ја најавија богатата концертна активност која ќе се случува во текот на годината. Во блиската српска престолнина Белград концерти ќе одржат голем број на славни светски имиња и групи, меѓу нив и „Депеш мод“, „Рамштајн“ и Роџер Вотерс. Нашите продуцентски куќи кои се занимаваат со организација на концерти молчат и велат дека не сакаат ништо да откриваат предвреме. Од „Авалон продукција“ ни рекоа само дека сега се ангажирани околу организирање на концертот на „Грин деј“ во Белград, а за Скопје го споменаа само скорешниот концерт на Јосипа Лисац.

Славниот и контроверзен германски бенд „Рамштајн“ ќе настапи на 28 април во арената „Комбанк“, а нивниот концерт, кој се најавува како своевиден спектакл ќе се одржи под мотото „Wir halten das Tempo“. Во изминатите две години, групата настапуваше низ светот и како што ќе напише критиката, секаде ја оставаше публиката без здив. Велат, нивниот концерт не смее да се пропушти, бидејќи „еден е Рамштајн“, а нивните настапи, каде и да се, сигурно ќе останат запишан во историјата, бидејќи тие се ексцентрични и иновативни. Овој секстет постои од 1994 година, а концертите, покрај необичните костими, секогаш се збогатени и со фантастична сценографија, која често е придружена со пиротехника. Нивното мото е: „Работи го тоа што го сакаш и претерувај во тоа“. Иако бендот е дефиниран како да му припаѓа на т.н. индастријал метал, музиката, сепак, е еклектична, полна со жестоки и енергични звуци чии стилови се мешаат, вклучувајќи ги германскиот хард-рок и хеви метал. На членовите на бендот големо влијание ќе изврши култниот словенечки бенд „Лајбах“, не само во звучната, туку и во ликовната естетика, во користењето на симболиката, но и бендовите како што се „ДАФ“, „Министри“ и Мерилин Менсон. Скоро сите нивни текстови се на германски јазик, иако некои од нив имаат верзија и на англиски.

Првпат во Белград концерт ќе одржи светски познатиот британски електронски бенд „Депеш мод“. Електропионерите ќе настапат на 19 мај на „Ушче“ во рамките на европската турнеја со која прославуваат повеќе од 30 години успешна кариера (групата е формирана во 1980 година). „Депеш мод“ оваа година ќе одржат 34 концерти во 25 држави пред повеќе од милион и половина фанови од светот, а почнуваат на 7 мај со концерт во Тел Авив. Љубителите на нивниот звук годинава нестрпливо го очекуваат и најновиот, тринаесетти албум, чие излегување бендот го најавува за напролет. Моментно „Депеш мод“, чија музика е дефинирана како движење од поп, диско, до новиот бран на 1980-тите и потоа до т.н. темен бран на 1990-тите, односно бенд што им припаѓа на њу вејвот и њу романтикот моментно е една од најдолго активните групи на сцената.

Свој необичен и генијален аудиовизуелен проект најавува и англискиот гитарист Роџер Вотерс, некогашниот член на славните „Пинк флојд“, кој ќе настапи на 1 септември на „Ушче“. Оваа година Вотерс триумфално се враќа во Европа со своевидно шоу кое, вели критиката, би требало да потсетува на оние кои своевремено ги правеше најпознатиот бенд на сите времиња „Пинк флојд“. По заминувањето на Сид Барет, Роџер Вотерс беше главниот текстописец во „Пинк флојд“, како и басист и еден од главните вокали. Тој ги осмисли и најпознатите албуми на бендот како „The Dark Side of the Moon“, „Wish You Were Here“, „Animals“ и „The Wall“. Ова враќање на Вотерс на сцената е повторно „The Wall“ („Ѕид“), култната сценска продукција, која тој ја обнови во 2010 година. Сега е редизајнирано и подигнато на повисоко ниво. Инаку, досега е прикажано 192 пати низ светот пред повеќе од 3 милиони обожаватели, а албумот се смета за еден од највлијателните во историјата на поп-културата. Оригиналната продукција на „Ѕид“, пак, од 1980 година, во целост е изведена само 29 пати на турнејата на „Пинк флојд“ со цел да го промовираат албумот и еднаш во Берлин на прославата по повод падот на Берлинскиот ѕид.

Во Белград ќе гостуваат и Џо Сатријани („Сава центар“, 24 мај), кој се смета за еден од највлијателните гитаристи, потоа американската рок-група „Грин деј“ (27 мај, во рамките на фестивалот „Calling“), но и познатиот оперски пејач Андреа Бочели (Белградска арена, 11 мај) со оркестар од Србија. (Т.И.)


Статијата е прочитана 866 пати.


Ис��рати коментар



Фармата на Гибс“ - музеј под отворено небо
Елтон Џон демантира дека добил дете
Вевчани од денеска е подвижна галерија на слики
Традиционалниот концерт за Василица на МОБ и со реприза
Никола Илиевски ќе ја почека промоцијата во Вардар
Никола Маџиров до нобеловецот Транстромер
Почина Кузман Поп Стефанија
Тинтин полни 84 години
Промовирана обновената фасада на Беговата куќа
Нов албум на Карла по четири години пауза
Изложба, поезија, филмови, музика, за прослава на „Роденденот“
„Д Џон“ и „Спејс Ребел Генг“ во живо на Канал 103
Пола Кински - Татко ми Клаус ме злоставуваше со години
„Линколн“ собра најмногу БАФТА номинации
„Трето полувреме“ на фестивал во Палм Спрингс
Клиника во Сибир со ќотек ги лекува болестите од зависност
Почина актерот Драгиша Димитриевски-Шипе
Мекдоналдс ќе прави француски сендвичи
Твитер проценет на 11 милијарди долари
Објавена „Историја на Македонија“ од Павел Шатев
Отворено досието на ФБИ за Мерилин Монро
Бред Пит сака да оди во Кина
Бајките на браќата Грим во Кинотека
Фотографиите на „Битлси“ на аукција
Чарли Шин повторно со „сомнителна“ девојка
Годинава најмногу среќа ќе имаат децата
Руската Република Мордовија го пречека Депардје како херој
„Љубов“ најдобар филм според филмските критичари во САД
Депардје го доби рускиот пасош
По Депардје и Бардо по руско државјанство
Божикниот концерт на „Скопски солисти“ со Нацоски и Таламанка
Пекиншкиот човек бил прекрасен градител
Во Сахара пронајден метеорит стар над две милијарди години
Уметниците се простија од Никола Иванов-Балтон
Концертот за Василица годинава посветен на Верди
Колин Фарел пиел по две шишиња виски
Првата дама на Северна Кореја веројатно се породила?
Депардје стана Русин
Хју Хефнер пак се ожени
Прагот стана мој покрив, а куферот моја адреса
Алаѓозовски, Крајчев и Тоциновски добитници на „Прозни мајстори“
„Скајфол“ заработи една милијарда долари
Данската кралица скептична кон Фејсбук
Се венчаа Бред Пит и Анџелина Џоли
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (42)
„Педесет нијанси сиво“ - најпопуларна книга за 2012
„Смртта на Ерусалим“ во сефардското списание “Лос Муестрос”
Почина сликарот Никола Ивановски- Балтон
Марсеј и Кошице - престолнини на европската култура во 2013
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (41)
(ИНТЕРВЈУ) Готвам, значи постојам и сум сакана
(ИНТЕРВЈУ) Не се плашам од „Метрополитен“
„Шарли Хебдо“ ќе објави „халал“ стрип за животот на Мухамед
Витни Хјустон и „Гангам Стајл“ најбарани на интернет во 2012
Есма и Влатко Лозаноски ќе ја претставуваат Македонија на Евросонг
Годинава имавме три филма во Берлин
Промоција на „Осмото светско чудо“ во Белград
Отворена изложбата „Археолошка Македонија 2012“
Поддршката на македонскиот роман е нула
Витни Хјустон убиена од дилерите поради долг?
Мјузикл за Тоше Проески
Каролина - лице на новиот календар на „Пелистерка“
Фотографии од „Твитеркалендар 2013“ на продажна изложба
Проектот „Љубојна брас фантази“ сега и на ЦД
Новогодишен гала-концерт на Филхармонијата
Адел го заштити нејзиното име
„Јадро“ го брани демократскиот социокултурен простор
Се обновува Драмската програма на Македонско радио - Радио Скопје
„Ангелите“ голи за шпанскиот „Вог“
Во „Мала станица“ изложуваат шест автори
„Фрик фестивал“ со гости од Белград
„Битлси“, Џегер и Бекам може да завршат на банкнота од 10 фунти



zozo, 08.01.2013 21:00:36
Koj gi shisha ovie iminja? Kaj nas ke dojde Ceca, Haris, Karleusha...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Претежно облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: 3°C, Мин: -2°C

Понеделник
Претежно облачно
Макс: 8°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито ст��на обична граѓанка
(Не)очекуваното враќање на Дејвид Боуви
Нов албум! Кој би рекол и кој се' не сонувал за тоа... Враќање по десет години и тоа на 66. роденден. Последниот го обја...
Се вработуваат актери, но и археолози, архитекти...
Вчера завршија конкурсите за вработување актери во неколку театри во земјава, но вработувања ќе има и во други институци...
„Еден бакнеж“, многу музика и носталгија
Секоја недела, од 20 часот, потсетувајќи не' со својата појава на Бергман и Богарт, Ирена Спировска и Игор Ангелов на ТВ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |