07.01.2013, 15:46 Фотографиите на „Битлси“ на аукција
Фотографиите се направени 1964 година за време на турнејата на „Битлси“ низ САД во времето кога филмовите беа скапи, а поголемиот број фотографиите – црно-бели
Необјавените фотографии во боја на членовите на „Битлси“ од нивната прва турнеја ќе се најдат на аукција во Англија на 22 март, точно 50 години откако овој легендарен бенд го издаде својот прв албум, соопшти аукциската куќа „Омега“. Фотографиите се направени 1964 година за време на турнејата на „Битлси“ низ САД во времето кога филмовите беа скапи, а поголемиот број фотографиите – црно-бели. Колекција од 65 слајдови содржи многу фотографии од сцена, вклучувајќи ја и црвената гитара на Џорџ Харисон. Инаку, сликите се дело на Роберт Бек, кој почина 2002 година.
|