08.01.2013, 15:21 Вардар ги претстави Фернандез и Да Роча
Се очекува и ангажирање на Драгана Пецевска која што веќе неколку дена тренира со „црвено-црните“
Екипата на Вардар уште еднаш ги потврди своите големи амбиции сезонава откако во текот на денешниот ден ги официјализираше трансферите на Шпанката Бегоња Фернандез и на Бразилката Дајан Пирес да Роча.
Македонската ракометната јавност Фернандез ќе ја памети по ЕП 2008 година што одржи во Македонија, тогаш со Шпанија не само што го освои второто место туку и беше прогласена за најдобар пикер во Европа.
„Се надевам дека ќе и помогнам на екипата да ги оствари зацртаните цели. Се чуствувам прекрасно и мило ми е што сум дел од клубот“, рече Фернандез.
За Бразилката во редовите на Ва��дар Дајан Пирес да Роча ова е прв ангажман во европски клуб: „Прв пат сум во Европа и се чсутвувам прекрасно. Ќе го дадам максимумот за да ги оствариме посакуваните резултати“, беше кратката изјава на Да Роча која што игра на позиција лево крило.
Вардар во моментов ја разгледува и опцијата, односно можноста да ја ангажира и Драгана Пецевска. „Разговараме, ја разгледуваме опцијата, но засега не можеме да ја кажеме како ќе се одвиваат настаните“, изјави претседателот на клубот Гордана Нацева. Од Металург најавите беа дека овој трансфер треба да има брза разрешница, останува да видиме дали ќе биде така.
И покрај ангажирањето на Билјана Црвенковска, како и на Фернандез и Да Роча од Вардар тврдат дека немаат притисок во поглед на задолжителното освојување на шампионската.
„Немаме притисок од таков тип, да мора да бидеме прваци, но со оглед на тоа дека правиме сериозен тим, амбицијата сама се наметнува. Јасно наша цел е да бидеме прваци и во Европа да стгинеме колку што можеме подалеку. Но, до успех не се доаѓа преку ноќ, пред нас е долга работа“, Индира Кастратовиќ која што е прв тренер на Вардар. (М.К.)
|