08.01.2013, 14:13 Гвардиола се враќа во тренерските води
„Засега се уште немам одбрано во кој тим ќе бидам тренер, но знам дека ќе се вратам“. истакна поранешниот стратег на Барселона
Поранешниот тренер на Барселона, Јосеп Гвардиола потврди дека по едногодишна пауза повторно ќе се врати во фудбалот. Гвардиола кој за четири години поминати на „Камп Ноу“ донесе вкупно 16 трофеи, реши да зема една година пауза и да се одмори, но сега со сигурност потврди дека од следната сезона повторно ќе седне на клупата на некој тим.
„Сакам да се вратам како тренер. Млад сум имам 41 година. Засега се уште немам одбрано во кој тим ќе се вратам, но знам дека ќе се вратам. Тоа е единственото нешто што го знам“, рече Гвардиола, кој се поврзува со многу европски екипи.
Како можни нови дестинации на шпанскиот стратег се споменуваат екипите на Челзи, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Пари Сен Жермен, Милан и Баерн Минхен, но засега нема ниедна конкретна понуда.
|