11.01.2013, 16:17 Лани на аеродромите поминале над 900.000 патници
На двата македонски аеродроми во Скопје и во Охрид минатата година поминале вкупно 906.871 патници, што претставува пораст во однос на 2011 година за 8,7 проценти. Зголемување на бројот на превезени патници е забележано на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде што лани биле превезени 828.831 патници, што претставува пораст од 9, 1 процент во однос на 2011 година. На „Св. апостол Павле“ во Охрид поминале 78.040 патници, што е за 5 отсто повеќе од претходната година.
Најмногу патници патувале на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации. Преку нив патувале 715.183 патници, што е за 13 отсто повеќе од 2011 годи��а. (Ек.Р.)
|