11.01.2013, 14:57 Македонски државјанин фатен со тон марихуана
Српските цариници на границата со Хрватска запленија рекордно количество дрога, скриена во кујнски апарати
Српската полиција заплени рекордна количина дрога откако во македонски камион пронајде речиси еден тон марихуана. Дваесет и осумгодишниот македонски државјанин А.Д. се обидел да ја скрие дрогата во кујнските апарати. Како што известуваат белградските медиуми, акцијата била реализирана завчера на преминот Батровци на границата со Хрватска. Транспортот на дрогата од Македонија преку Србија требало да заврши во Швајцарија.
„Дрогата ја откри млад цариник, на кого му беше сомнителен камионот поради тежината и количината на пријавена стока, па изв��шил контрола во товарниот простор“, пишува „Блиц“.
Камионот превезувал кујни, кујнски апарати и бела техника. На прв момент, се' изгледало беспрекорно, но дрогата била откриена во кујнските елементи. Во 218 пакети, во кои имало 17 големи и четири помали специјално дизајнирани кутии, измерени се 908,364 килограми марихуана. Тоа е рекордно запленето количество дрога во Србија.
„За детална контрола на возилото цариниците се одлучиле врз основа на индикаторот за анализа на разик, а во овој случај тоа било движењето на камионот, како и тоа што обидите за шверц на наркотици од Македонија кон Западна Европа се' повеќе зачестуваат“, тврдат во српската Царина. (Г.А.)
|