11.01.2013, 15:42 Односите меѓу Македонија и Австралија во нагорна линија
Инвестиции во рударството, проширување на економската соработка и значењето на македонската заедница во Австралија, се темите на коишто им се обрна најголемо внимание при средбата на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, и австралискиот федерален пратеник Лук Симпкинс. Гостинот од Австралија посочи дека тамошната македонска заедница има придонес во општествениот и социјалниот живот, појаснувајќи оти неговиот електорат го сочинуваат и над илјада македонски гласачи. Двајцата соговорници разменија мислење околу идните избори во Македонија и во Австралија.
На средбата станало збор и за можностите за проширување на економската соработка меѓу двете земји, особено во областа на рударството и ископувањето минералните суровини во Македонија, бидејќи посто�� голема заинтересираност од компании од Западна Австралија, кои би инвестирале во таа област.
Според Вељаноски, средбите ќе ги подобрат билатералните односи, како и парламентарната соработка со пријателска Австралија, кои во континуитет имаат нагорна линија. Пратеникот Сипмпкинс се интересираше и за евроатлантските аспирации на Македонија и изрази надеж дека разговорите со медијаторот Нимиц ќе дадат плод. (П.Р.)
|