11.01.2013, 09:51 Полицијата во Словенија штрајкува
Синдикатот на словенечката полиција објави за денеска штрајк во државата, во момент кога продолжуваат и преговорите со синдикатите од државниот сектор кои планираат запирање на работата на 23 јануари.
Синдикатот на полицијата се одлучи на таков чекор откако Владата на седница одлучи да прифати само дел од барањата на тој синдикат.
Министерот за внатрешни работи и министерот за правда соопштија дека продолжуваат разговорите со синдикатите во државниот сектор, но Владата не може да отстапи од намалувањето на платите во тој сектор за пет проценти оваа година. |