11.01.2013, 13:15 Петмина загинати во семејно насилство во Софија
Бугарска брачна двојка, нивните двајца синови и баба биле пронајдени мртви во стан во Софија со повеќе убоди и прострелни рани по телата, соопшти денеска полицијата.
Еден од синовите, 27-годишник со ментално нарушување, ги убил останатите четири члена на семејството пред да изврши самоубиство, објавија медиумите.
Полицијата, која не сакала да ги потврди информациите на медиумите пред да биде извршена обдукција, нагласи само дека на почетокот на истрагата не се пронајдени докази дека во моментот на злосторството во станот имало и други лица.
Шефот на полицијата во Софија Валери Јорданов истакна дека на местото на злосторството бил пронајден нож и пиштол, кој таткото легално го поседувал. |