11.01.2013, 09:26 Билетите за инаугурацијата на Обама достигнаа две илјади долари
Билетите за церемонијата на инаугурација на американскиот претседател Барак Обама, која ќе се одржи на 21 јануари достигнаа цена до две илјади долари на сајтовите за електронска трговија како Ибај и Крејглист.
Билести во принцип се бесплатни, но напорите на службениците од Конгресот и Белата куќа, кои се ангажирани за подготовка на церемонијата и за испраќање на поканите, не успеаја да ја осуетат нивната продажба.
Заедничкиот комитет на Конгресот, кој е задолжен за организирање на церемонијата, им дал на конгресмените околу 250 илјади покани. Од своја страна членовите на двата Дома имаат право да достават своја кота на билети, како што ќе проценат.
Продажбата на билети за церемонијата не се смета за криминално дело, но и покрај тоа комитетот ги повика конгресмените да ги распределат „праведно“.
За разлика од Конгресот, билетите-покани, испратени од комисијата за организирање на церемонијата до Белата куќа не можат да се продаваат или отстапуваат на други лица. |