Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
10.01.2013, 12:09

Состанокот во Атина - корисен и конструктивен

Грчките медиуми тврдат дека на средбата со медијаторот била потврдена високата доверба и почит на Грција во меѓународната заедница за нејзиниот конструктивен приод и иницијативи

Сите грчки медиуми јавуваат за вчерашната средба на медијаторот Метју Нимиц со министерот за надворешни работи Димитрис Аврамопулос, кои „неочекувано ги посети“ и премиерот Андонис Самарас.

Повеќето медиуми, меѓу кои и „Та Неа“ ја пренесуваат изјавата на Аврамопулос, што беше објавена преку соопштение од грчкото МНР, дека Грција ги поддржува напорите на Нимиц во врска со името на Македонија. Весни��от исто така пишува дека на Аврамопулос детално го информира Нимиц за грчкиот предлог за потпишување меморандум за разбирање со цел да му се даде импулс на преговарачкиот процес под покровителство на ОН и во кој се поставува рамка и параметри за решение на прашањето.

Под наслов „Презентирани детални идеи за прашањето за името„, весникот „То Вима“ пишува дека Метју Нимиц по неколку месеци се вратил на „местото на злосторството“ во нов обид да ја отклучи вратата која води кон решавање на прашањето за името.

„Елефтеротипија“, меѓу другото, нагласува дека медијаторот го истакнал важниот придонес на грчкиот меморандум за разбирање.

Повеќето медиуми ја пренесуваат веста на државната новинска агенција АНА-МПА која, повикувајќи се на грчки дипломатски извори, пишува дека состанокот бил корисен и конструктивен. Медиумите тврдат дека на средбата била потврдена високата доверба и почит што ја ужива Грција во меѓународната заедница за нејзиниот конструктивен приод и иницијативи.

И „Скај“ го пренесува задоволството на Нимиц за ставот на Грција за прашањето за името. Според телевизијата, Аврамопулос ја истакнал волјата на Грција да се постигне напредок во дискусиите меѓу двете страни.

Интересно за сите медиуми е ненајавеното присуство на премиерот Андонис Самарас на средбата кое повеќето го нарекуваат „изненадна посета“.

Под наслов „Мистерија од состанокот Самарас – Нимиц“, „Прото тема“ пишува дека „одеднаш дошло до неочекувана мобилност за прашањето за Скопје“.

„Фактот што средбата која беше закажана за 12 и 30 беше презакажана за порано за да може да присуствува и премиерот Андонис Самарас создаде атмосфера на мистерија. Сето ова затоа што за време на претходните посети на Атина Метју Нимиц беше примен од секој премиер во официјалната резиденција Максимос и не е вообичаено шефот на грчката Влада да доаѓа во Министерството за надворешни работи“, пишува „Прото Тема“.

Грчките медиуми ги пренесуваат и реакциите на партиите Сириза и Независни Грци. Ставот на Сириза останува дека единствено прифатливо решение мора да биде сложено име во географска одредница за сите употреби.

Пратеникот на Независни Грци и шеф на секторот за надворешна политика Теренс Куик во соопштение ги критикува медиумите што се занимавале со предлозите „Република Северна Македонија“, „Република Нова Македонија’ без да обрнат внимание на ништо друго. „Никој не се занимава со фактот што владата на Андонис Самарас, кој поради прашањето за името уништи три години од владата на Нова демократија, веќе одлучила да го даде името на грчка Македонија“, се вели во изјавата на Куик.


Статијата е прочитана 338 пати.


Испрати коментар



Нимиц ќе се сретне со Јолевски и Василакис на 29 и 30 јануари во Њујорк
Стефано Санино во посета на Македонија
Амбасадорот Стефков го топи мразот во Атина
Изненадување на изборите во Чешка
Отворен базенот во Карпош
„Аман“ собра над 10.000 потписи
(ФОТО) Донација на семејството Керим за „Аџибадем - Систина“
Опозицијата го сели „граѓанскиот парламент“ и во другите градови
Над 300 лица со симптоми на грип
Да зајакнат капацитетите на женското лидерство
Дете нападнато во напуштен вагон
(ФОТО) Бесими - Станавме земја која го „извезува мирот“
Препораката за преговори останува
Украден сеф со 115.000 евра
До 2020 треба да се отворат 600 милиони работни места
Горивата поскапуваат за еден до два денари
Депардје ја критикува руската опозиција
Даблин не се откажува од Ерван Фуере
Амбасадорот Стефков ќе се сретне со заменикот МНР на Грција Куркулас
Притисок и закани за активистка за правата на Македонците во Грција
(ФОТО) Француската авијација елиминира 60 џихадисти
Неонацистите се реална закана за Европарламентот
Лавров - Не е предвидено Асад да се повлече од власт
Чавез се бори за својот живот
Нов контингент на АРМ заминува во Авганистан
(ФОТО) Со „калашников“ нападната централата на Нова демократија
ДУИ - Владата има чист легитимитет од граѓаните
Груевски - Ајде на локални избори со најзасилен мониторинг
ДИК - Списокот е прочистен, може да се оди на избори
(ВИДЕО) „Монструм“ најгледано видео
Арифи и Бејта дел од кандидатите за градоначалници на ДУИ
Македонија во винска офанзива
СДСМ не отстапува од јавно прокламираните цели
Тројца повредени од експлозија на боца со пур пена
Нова група 10.000 пензионери на бесплатна бања
Српскиот парламент ja усвои Резолуцијата за Косово
Нов случај на силување патничка во автобус во Индија
(ФОТО) Повторно немирна ноќ во Белфаст
Француското воено воздухопловство спроведува акции во Мали
ВМРО - ДПМНЕ го повика СДСМ да се врати во Собранието
Македонците од Голо Брдо бараат изучување на македонскиот јазик
(ФОТО) СДСМ го одржа Маршот за вистината
Волерс - Опозицијата и власта да ги надминат несогласувањата
Српскиот Парламент ќе расправа за предлог-резолуцијата за Косово
Белата куќа го одби барањето да конструира „Ѕвезда на смртта“
Грчкиот Парламент одобри нови даночни измени
Македонија во ново руво на Виенскиот саем за туризам
Нови владини мерки за поддршка на земјоделското производство
Почнува Вевчанскиот карневал
Полицијата заплени трговска стока увезена без потребната документација
Грчките медиуми за посетата на Нимиц на Скопје
Пет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце
Лани на аеродромите поминале над 900.000 патници
Иванов ги поведе амбасадорите во Берово
Полицаец знаел кои се атентаторите на Марјан Тушевски
Плаќањето по успешност останува, повисоки плати за докторите специјалисти
Односите меѓу Македонија и Австралија во нагорна линија
Мијалков гo тужи Фокус за клевета
(ФОТО) Нимиц виде клима за компромис
Македонски државјанин фатен со тон марихуана
СДСМ - Има време до 24 март да се договориме
Нимиц ќе му рапортира на Василакис
Експлозијата во Загреб не е терористички напад
Избори ќе има - на 24 март
Џими Сaвил 60 години злоставувал деца
Цените на индустриските производи повисоки за 5,3 отсто
Наградна игра на ЕВН Македонија за редовните плаќачи
Петмина загинати во семејно насилство во Софија
Бесими-Гунагли - Интензивирање на македонско-кинеската соработка
Белгија не му дава пасош на францускиот милијардер Арно
„Евро“ на кирилица на банкнота од пет евра
(ФОТО) Нимиц се сретна со Иванов и Попоски, попладнево со Груевски
Нуланд - Му помагаме на Нимиц и се надеваме на заемно прифатливо решение
Постигнат договор меѓу Синдикатот за здравство и министерот Тодоров
Претседателот Иванов се сретна со кинескиот министер за одбрана
ЕУ и САД побараа дијалог меѓу власта и опозицијата
Вељаноски ќе ги распише локалните избори за 24 март
Од понеделник Кубанците ќе можат да патуваат во странство
Полицијата во Словенија штрајкува
Кинескиот министер за одбрана во посета на Македонија
Билетите за инаугурацијата на Обама достигнаа две илјади долари
Повеќе експлозии одекнаа во Загреб, едно лице повредено
Нимиц ќе разговара со македонскиот државен врв
Една плата за вработените во ОХИС
Хаки Азири - „Стравувам за сопствениот живот“
Условни затворски казни за обвинетите во случајот „Бришач“
Нимиц пристигна во Скопје
Вељаноски утре ќе ги закаже локалните избори
Лустрирани двајца нови кодоши
Сендвичи ќе се продаваат во стилски киосци
ССМ и работодавачите потпишаа колективен договор за хемиската индустрија
Турска компанија ќе произведува медицински помагала во Македонија
Годинава македонското место во ЕУ и НАТО ќе биде појасно
НБРМ доби нова локација за изградба на сопствен објект
Лустраторите Гешоски и Витановски доставија оставки до Собранието
СДСМ во сабота ќе организира Марш за вистината
Во Србија пронајдени тела на четири момчиња
Моторџиите за зелен картон ќе плаќаат 1.850 денари
Белград бара автономија на српските општини во Косово
Mалку детали за тројното убиство во Курдскиот институт во Париз
Македонија најдобра во регионот според индексот на економски слободи
(ФОТО) Ерусалим зафатен од снежна бура
Хонгконг по 19. пат прогласен за најслободна економија во светот
Брахими - Нема место за Асад во преодната влада во Сирија
(ФОТО) Шефот на „Гугл“ го повика Пјонгјанг да дозволи интернет во земјата
Нимиц утре на средби со македонскиот државен врв
(ФОТО) Во пожар во ГТЦ изгореа кафуле и дуќан



pile, 10.01.2013 17:39:06
„одеднаш дошло до неочекувана мобилност за прашањето за Скопје“.(Proto tema)Kako nema da dojde do mobilnost vo diplomatijata na sosedna Grcija po prasanjeto na nadminuvanje na sporot za imeto,koga sproti sebe go imaat najverodostojniot sogovornik za sporot za imeto a so golema verojatnost za kratko vreme da ja napusti funkcijata.A sto pravi sosedna Grcija ako go zameni nekoj prepoznatliv politicki teskas, koj ke znae da ja valorizira Haskata presuda od 2011 godina,i znae da odgovori pozitivno za vospostavuvanje na bilateralni odnosi so R.Kipar pod privremenoto ime so pravo R.Makedonija da go upotrebuva Ustavnoso ime.Koj znae deka stetata po ekonomijata na R.makedonija so zaminuvanje na EVN od R.M.vo sosedna Albanija vo visina od 800 milioni evra e samo del koj sto R.Makedonija go trpi za dokazjanata neopravdana obespravenost vo Bukurest.Kako i deka politickata steta sto ja trpi R.Makedonija e nepresmetliva po ugledot i napredokot na Drzjavata po Bukurest 2008 godina.Zatoa e mobilizac

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |