14.01.2013, 13:55 Барса соборува рекорди
Каталонците славеа кај Малага со 3:1, со што стигнаа до 18. победа во 19. меч точно на половина од сезоната
По победата на гости кај Малага од 3:1, Барселона продолжува да соборува рекорди. Тимот стигна до 18. победа во 19. меч, а точно на половина од сезоната во првенството, Барселона има неверојатни 18 бода повеќе од вечниот ривал Реал Мадрид. Претходно најголемата предност на каталонскиот гигант пред „кралскиот клуб“ на полусезона било 13 бода и тоа во сезоната 2005/2006.
Против Малага гостите поведоа во 27. минута со голот на Лионел Меси, во 50. минута Фабрегас зголеми на 2:0, а последниот гол го постигна Тијаго Алкантра. Кај домашниот состав единствениот гол беше постигнат во 89. минута од слободен удар прецизно стрелаше Бунаноте. Со овој триумф само чудо може да им ја земе шампионската титула на Каталонците сезонава.
Инаку, бранителот на круната Реал Мадрид, дефинитивно, повеќе не е закана за Барса, по нерешените 0:0 на гостувањето кај Осасуба кралскиот клуб може слободно да се прости од трката за титулата во Примера. Тимот од Мадрид, покрај тоа што зад вечниот ривал заостанува 18 бода, му дозволи на Атлетико Мадрид да се зацврсти на второто место на табелата со плус седум бода.
|