14.01.2013, 13:58 Украден сеф со 115.000 евра
Сеф со 115.000 евра бил украден од куќа во Куманово. Кражбата се случила викендов, кога крадецот успеал да влезе во куќата на улицата „Благој Илиев-Гуне“ и од таму да замине со богатиот плен.
Според полицијата, се' уште не се знае точното време кога се случила кражбата. Претпоставките се дека куќата била провалена во периодот од петокот до неделата. „Притоа од куќата на М.Ј. е одземен метален сеф во кој имало околу 115.000 евра. Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителот“, велат од полицијата.
|