Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
14.01.2013, 16:33

Амбасадорот Стефков го топи мразот во Атина

 

Атина - Македонскиот амбасадор во Атина, Сашко Стефков, имаше средба со грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Димитрис Куркулас. На средбата, која беше оценета како протоколарна и редовна дипломатска активност, била реафирмирана желбата за соработка за европските прашања меѓу двете страни. Како што се дознава, средбата била по барање на амбасадорот пред неколку месеци и не е директно поврзана со минатонеделната посета на медијаторот Метју Нимиц во регионот.

На средбата се дискутирало за соработката во европските проекти и економска соработка, а станало збор и за европската перспектива на нашата држава. Таа поминала во позитивна клима, при што од грчка страна се говорело за напорите за помош на државите од Западен Балкан на нивниот европски пат, односно Агендата 2014. Што се однесува до европскиот напредок на Македонија, Грција очекува поконструктивно однесување од македонската Влада и се надева да види позитивни чекори што ќе доведат до напредок во преговорите, но и во подобрувањето на добрососедските односи.

Ова е втора средба на амбасадорот со Куркулас, по онаа на која амбасадорот го предаде македонскиот одговор на грчкиот меморандум. Амбасадорот Стефков во август имаше билатерална средба и со шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос, со кого тогаш се дискутираа подетално односите меѓу Македонија и Грција, како и потребата да се најде решение за дводеценискиот спор за името. (М.П.)


Статијата е прочитана 1029 пати.


Испрати коментар



Претставничката на ОМД во Грција тужи за расизам
Брисел не се колеба околу препораката
Даблин не се откажува од Ерван Фуере
Соопштението на ЕУ и САД
Опозицијата ќе организира карвани и низ Македонија
Изборните штабови на СДСМ работат со полна пареа



pile, 15.01.2013 01:29:08
Odgovornosta na Makedonskiot ambasador vo R.Grcija vo ovie specificni momenti na apsoluten molk od instituciite vo Drzjavata po posetata na medijatorot G-din M.Nimic na dvete zemji i po negovo vrakanje pak vo Solun za sredba so G-din Vasilakis, nisto ne e pomala vo odnos na drugite involvirani vo sporot za imeto od Makedonska strana.Imajki vo predvid deka na prasanjata najpatriotskiot Premier ne odgovara koja dodavka na imeto e prifatena,,,severna ili ,,gorna, za smetka na fingiraniot najpozitiven izvestaj na EK i dobivanje datum za pregovori kako i tolerancija za nastanite na 24.12.12.vo Sobranieto od EKambasadorot ima obvrska da ja zapoznae javnosta vo R.Makedonija,kako i da se proiznese dali znael za ponudata za vospostavuvanje na bilateralni odnosi so R.Kipar pod privremeno ime so pravo R.Makedonija da go koristi Ustavnoto ime.P.S.Ocekuvam za koj den da se obelodeni deka firma od sosedna Grcija dobila tender za investicii vo R.M.ne pomal od 200 mil.evra.Ne da e krsenje santa mraz

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 2°C

Магла

Вторник
Облачно
Макс: 9°C, Мин: 3°C

Среда
Локални грмотевици
Макс: 11°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (50)
Вдовицата на Тито стана обична граѓанка
Звукот треба да го инспирира слушателот
„Самата наративност на музиката дозволува апсолутно индивидуално доживување“, вели перкусионистот Гоце Наумов, член на г...
Непростливи неправди на „Оскарот“
Американската академија на филмски уметности никогаш им го нема доделено „Оскарот“ на легендите на филмот, како Алфред Х...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |