14.01.2013, 16:32 Соопштението на ЕУ и САД: Почеток на меѓународно водство
Оние што најмногу ја напаѓаа меѓународната заедница сега најмногу ја цитираат
Слободанка Јовановска
Дежурната цел на провладините медиуми - меѓународната заедница, сега е на пат да им стане дежурно милениче. Откако ЕУ, САД и ОБСЕ го објавија заедничкото соопштение во кое немаше директна осуда на инцидентот во Собранието, а имаше повик да престане бојкотот на опозицијата, тоа во провладините кругови се користи како аргумент дека Брисел и Вашингтон ја поддржуваат актуелната политика на Владата.
Затвора ли очи меѓународната заедница пред проблемите во Македонија, фати ли страна околу настаните во парламентот и бојкотот на опозицијата и има ли место за равенство во одговорноста меѓу едната и другата страна - се дил��ми што ги отвори млакиот, и според европски признанија, одговор на политичката криза во земјата. Појасен одговор на нив ќе даде Стефано Санино од директоратот за проширување на ЕУ, кој од вчера е во земјава, а денес ќе има средби со сите политички лидери, со спикерот Трајко Вељаноски, со премиерот Никола Груевски и, најверојатно, со вицепремиерката Теута Арифи.
Ако се суди по реакцијата на Нано Ружин, ваквиот став на меѓународната заедница не е неочекуван. Таа, според негова оцена, сака да се менаџира, а не да ескалира кризата, притискајќи за една од двете алтернативи - да се врати опозицијата во парламентот и да учествува на локални избори за кои ќе бидат обезбедени стандардите на ОБСЕ и засилен мониторинг, или да се врати во парламентот и да изгласа одлагање на локалните избори за некој месец, за да се одржат заедно со парламентарни. Сепак, и со намера да не се долева масло на огнот во Македонија, реакцијата на дипломатите Ружин ја смета за неоправдано млака и доста неутрална.
„Во Македонија, проблем за меѓународната заедница секогаш беа меѓунационалните односи. Сега првпат се политичките, односно сомнителната демократија која во нивни очи е банално прашање што се среќава кај сите држави во транзиција. Затоа за нив е побитна евроинтеграцијата и од тоа произлегува нивниот неутрален став. Верувам исто така дека Брисел и Вашингтон сакаат да ја засилат позицијата на премиерот Никола Груевски, кој за нив е легално избран и може да го реши спорот со името. Тоа ги објаснува поддршката и кредитите што ги добива подолг период“, оценува Ружин.
Масовноста на искажаното незадоволство на протестите на опозицијата, според него, сепак, ќе влијае на сензибилирање на ставовите на странските претставници, па наредните недели може да се очекуваат посилни пораки. „Претставниците на меѓународната заедница се свесни за високата корупција и медиумскиот мрак, како и за лимитираната демократија, но исто така покажуваат одредена дилема во однос на реалната моќ на опозицијата“, го објасни тој досегашниот млак став во соопштенијата.
„Да не се зема страна во внатрешните судири меѓу партиите во Македонија е принципот кој веќе подолго време го раководи поведението на странските дипломати. Се поаѓа од претпоставката дека нашата демократија мора да биде наше дело. Молчењето за нешто што во нивните демократии би било скандалозно и незамисливо, и не давајќи му светски публицитет на чинот на исфрлањето на опозицијата од парламентот, ми зборува дека тие сакаат да не' заштитат од нас самите. Да го заштитат угледот на државата, чии политичари можеби сакаат да станат дел од евроатлантските интеграции, но не се способни да произведат задоволително демократско поведение“, е оцената на Денко Малески. Според него, свесни дека фер поведението е дел од политичка култура која се' уште ја нема во Македонија, странците инсистираат барем на демократска процедура, која треба да ја произведе волјата на народот. „Дали таа волја го забрзува или го забавува нашиот пат кон НАТО и ЕУ не им е од примарна важност. Од примарна важност им е одбрана на демократскиот процес, преку кој бавно и макотрпно учат и политичарите и народот“, смета тој, додавајќи дека очигледно ние самите мораме да си ги кажеме горчливите вистини за нашето политичко живеење, и самите да бараме решенија.
„Македонија е на прагот на една многу сериозна политичка криза зашто внатрешните конфликти, веќе подолго време, ја надминаа способноста на политичарите успешно да ги канализираат во мирно приспособување. Последниот таков конфликт прерасна во лична пресметка со опозицијата и нивно насилно исфрлање од парламентот. Поставените услови од опозицијата која, меѓу другото, бара нови парламентарни избори, и нивното целосно отфрлање од страна на власта е продолжение на поведение кое може да кулминира со сериозни немири за кусо време, на локалните избори. Ова е најверојатното сценарио. Малку веројатното сценарио, пак, вели дека за да се избегне, нужно е да отстапат двете страни“, заклучува Малески. Затоа, според него, за да се врати опозицијата во парламентот треба извинување, одговорност и оставки за настаните од 24 декември.
„Само така ќе ја зајакнеме демократијата и само така ќе запишеме стандарди на поведение и одговорности кои ќе спречат во иднина да ни се случуваат вакви работи. Демократијата ќе излезе како победник, задавајќи и' удар на една осилена власт, едновремено спречувајќи осилени поединци низ политичкиот спектар да ја узурпираат демократијата за личен ќар���, смета Малески.
|
Статијата е прочитана 1180 пати.
|
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 15.01.2013 00:17:05 | Mlakiot stav na EU i USA gi osokoli site onie sto do vcera krekaa za kurvata vavilonska. Da gi podsetam deka EU i USA seuste ocekuvaat promena na imeto. I deka vo nivnoto soopstenie ne se veli deka opzicijata treba da si ja podvitka opaskata i bezuslovno da se vrati na cotek. |
| pile, 15.01.2013 01:13:31 | Stavovite na najvazjnite svetski ciniteli, pred se SAD i EU za nacinot na vodenje na nadvoresnata politika taka i za menagjiranje na demokratskite procesi vo R.Makedonija od strana na Vladata na familijata i Gruevski so promenliv partner vo izminatite sedum godini,drasticno se razlikuvaat. Sto zboruva faktot za drzjenje na pres konferencija od trotoar vo Vasington od strana na Premierot vo zaminuvanje, sporedeno so tapsanjeto po ramo od strana na Cehot za navodno dobro zavrsena rabota za izmislen dijalog na visoko nivo megju EU i R.M.Dijametralno se razlikuvaat i ocenkite za vladeenjeto na pravoto i covekovite prava i slobodi,za borbata protiv organiziraniot kriminal na Stejt departmentot i na EK so sto EK go zajakna rezjimot na Gruevski za smetka na resenie na sporot vo rana faza,koja doktrina na EK ne samo sto steti na Drzjavnite interesi tuku i go zajaknuva rezjimot na Gruevski,dokaz se slucuvanjata na 24.12.12 vo Sobranieto.Sakaj ja R.Makedonija zjive ja Evropa vo mislite so SAD |
| Коста Стоименовски, 15.01.2013 01:37:31 | Свесна дека демократизацијата во транзициските земји е макотрпен и сложен процес, меѓународната заедница се определува да ги подржува „силните лидери“ како гаранција за одржување на стабилноста во овие земји, но и за реализација на интересите на МЗ. Во честитките што американските политичари ги праќаат до нашите политичари по повод националниот празник редовно се нагласува „Вашето силно лидерство“! Постојат индикации дека премиерот Груевски е притиснат од МЗ дефинитивно да го исполни ветувањето за решавање на проблемот околу името и ќе ја има подршката до решавањето на овој проблем!? Досега премиерот постојано декларираше подготвеност за решавање на спорот околу името, но наоѓаше начин како тоа максимално да го одолговлекува, обидувајќи се вината за застојот во преговорите да ја префрла на Грција. Грчкиот Меморандум, кој без сомнение е подготвен и упатен до МК во договор со МЗ, означува крај на ваквото однесување на мак. премиер. Очигледно МЗ е решена дефинитивно да го затвори спорот |
| ФЕЛИКС, 15.01.2013 07:44:34 | Како прво еден амандман кон темата поради јаснотија.Ќе има средби со премиерот,спикерот, шефот на МНР но и прецизно и со ЦБ.,како водач на востанието.Е сега има и една друга дилема спротивна на поднасловот а не се опишува:.Како тоа од ватрени подржувачи на ЕУ и НАТО востаниците преминаа во составувачи на топ листи на тамошни непријатели.Па само прочитајте по порталите колкав е гневот против ЕУ,САД и др.Па имаме некој ќе помине од САД како Цимерман,па имаме од инспираторот на востанието,,Запад збунет и шокиран,,па се до овдешниот коментаторски слој кој се испрефркна оти им кажуваат каде треба да се одвива политичкиот дијалог.Г-динот Сантини ќе ги преповтори барањата сврзани со кроткиот исчекор via Собрание,а можеби и во ракавот како кец треф има да некој треба да се одмори и на раат да ужива во пензионерските денови.Може да се дојде до избалансиран договор ако на маса ги има три министри да одат наспроти одење на еден пензионер. Компромис најблаго речено извонреден. |
| KOLE, 15.01.2013 09:00:07 | Единствен “проблем“ на Македонија е тоа што опозицијата е во нок даун (поточно има доживеано потрес на мозокот - со боксерски термини). Исто така проблем (за опозицијата, а со тоа за жал и за Македонија) е што ист резултат е и во најава. Проблем е исто така што луѓето од овие простори се уште ги немаат разбрано термините како што се фер плеј, џентлмен, витештво и слично. Да ги имаа разбрано - никогаш немаше да слушнам реченица како што е “кој губи има право да се лути“ ???!!!??? Извинете, на кого да се лути? На победникот - или можеби на себе? Поразениот - НЕМА ПРАВО ДА СЕ ЛУТИ! (поготово ако поразот настанал при фер плеј). Колку се сеќавам Б.Ц. при последниот пораз кажа дека поразот беше фер плеј? Се сеќавате? (иако со реченицата “народот и кога греши е во право„ покажува дека се уште не укапирал “што сака народот да каже“). Тоа е главниот проблем на Македонија. Но, како и да е, доколку мислат дека тоа им е работа, им посакувам уште многу години на улица на (овие) опозиционери! |
| Коле Фер-плејот, 15.01.2013 12:18:27 | Гласање на мртви и иселени , уцени со список од 15 гласачи, бркање од работа се фер-избори ?!Научи го прво зборот фер-плеј! |
| Mark, 15.01.2013 12:47:01 | Profesorot Maleski dava fina dijagnoza i prilicno verojatna anticipacija na slednite nastani. No nespremnosta za dijalog od strana na vlasta (vidi gi traskanjata na nejzinite komentatori) odi vo prilog na mozen seriozen konflikt! Zabeganosta na Gruevski za zal obilno prihraneta od Zapad sega moze da eksplodira vo najteskiot vnatremakedonski sudir! A loso e sto Amerikancite i Evropjanite vsusnost nemaat poim kako situacijata da ja vratat vo normala bez da ja ponizat opozicijata (sto sekako nema da pomine)..A so zaostruvanjeto na Albanskoto prasanje vo regionov situacijata ke stane uste *povesela* i tesko deka nekoj ke moze da ja menadzira kako sto mu odgovara! |
| makedon, 15.01.2013 13:19:17 | Najprvo i pred sé, vo period od 18 meseci, celosna departizacija na site drzavni institucii i vrabotenite vo niv (nikoj da nema strav pri glasanjeto, nikoj da nema strav deka ke bide izbrkan od rabota poradi daden glas, da nema prisiluvanje so zakani na vrabotenite za vrbuvanje na bliski, prijateli, drugari, vrabotuvanjeto da bidi po kriterium na struchnost a ne po kriterium na poslushnost ili partiska pripadnost), a potoa demokratski, fer i slobodni izbori. Vo deneshni uslovi na totalna partizacija na drzavata nemozi da ima a niti ke ima slobodni, fer, i demokratski izbori. |
| kanagjanka, 15.01.2013 14:27:40 | Доцниме.Граѓаните на Македонија доцнат.ЕУ и САД не очекувале ваква бомба од Македончето дури сега.Распадот на Југославија не окарактеризира како мирен народ.Па и немирите 2001 исто.И по сите превирања опа - Македончето се буди кога на ЕУ и САД им гори под нозе од рецесија.Ним не им важно кој е на власт во МК и дали пукаме од сиромаштија и што сме се успале, не на првиот, ами на шестиот час, као понављачи, па ќе ја пуштаме мама да не правда.Сами, сега и овде треба да се избориме за својата слобода, зашто овој режим не сме ние! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Делумно облачно
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 5°C, Мин: 3°C
|
Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|