Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
16.01.2013, 15:14
Херта Милер ја доби Светската награда за хуманизам



Писателката нобеловка Херта Милер е годинашната добитничка на Светската награда за хуманизам, која по седми пат ќе ја додели Охридската академија на хуманизмот. Нејзиното прогласување за лауреат на наградата е закажано за 18 јануари со пригодна свеченост во куќата „Уранија“. Беседа за творештвото на Милер ќе одржи Јордан Плевнеш, а ќе биде промовирано ексклузивно издание на нејзината книга „Животни во срцето“, во издание на „Феникс“.

Херта Милер е родена во 1953 година во Ницкидорф, мало место во Романија, во кое се зборува на германски јазик. Студирала германистика и романска книжевност. Како студент, Милер му се спротивставила на режимот на Николае Чаушеску и се придружила на група дисидентски писатели, кои се залагале за слобода на говорот. Емигрирала во Германија во 1987 годи��а по години поминати во прогони и цензура во Романија. Нејзино прво дело е збирката раскази „Надири“ кои ги напишала во 1982 година додека работела како преведувач во една фабрика. Расказите биле цензурирани од романските власти и Милер била отпуштена од фабриката откако одбила да работи за тајната полиција Секуритате. Нецензурираниот ракопис на нејзиното дело „Низина“ бил прошверцуван и објавен во Германија и веднаш добил добри критики. Херта Милер е авторка и на книгите „Земјата на зелените сливи“, „Состанок“, „Тиранско танго“, „Пасошот“. Наскоро на македонски ќе излезе од печат и нејзиниот роман „Нишалка на здивот“.

Нобеловата награда за литература Милер ја доби на 20-годишнината од падот на комунизмот во Европа. Објавувајќи ја веста за наградата, Шведската академија ја опиша како авторка која „со згуснатост на поезијата и искреност на прозата го слика пејзажот на обесправените“. Досегашни добитници на наградата на Охридската академија на хуманизмот, која установена во 2007 година им се доделува на врвни личности од светската уметност се јапонскиот будистички филозоф Даисаку Икеда, португалскиот синеаст Мануел де Оливеира, рускиот писател и нобеловец Александар Солженицин, индискиот композитор, хуманист и филозоф Рави Шанкар, театарскиот режисер и теоретичар Питер Брук, српската писателка Вида Огњеновиќ.

Статијата е прочитана 225 пати.


Испрати коментар



Формиран Центар за култура и културолошки студии
Се продава морска дупка
По десет години нивото на Мртво Море се покачи
Македонија настапува во втората полуфинална вечер на Евросонг
Ќе се отвора поставката во Музејот на Старата скопска чаршија
Почна шестиот фестивал „Кустендорф“
Тарик доживеа сообраќајна несреќа
Кејти Холмс најсекси жена на светот од едно разголување
Лејди Гага сака да го купи имотот на Мајкл Џексон
„Женидба“ од Гогољ, нова премиера на Театар „Комедија“
(ВИДЕО) „Фејсбук“ го претстави новиот систем за пребарување
Елтон Џон доби син
Продавала готварска сол како кристален мет
„Јас Исидора“ вечерва на сцената во МОБ
Прва награда за самурајски филм на режисерска од Македонија
Нема да има концерт за Тоше на 25 јануари
Пристигна филмот на Квентин Тарантино
Двојникот на Обама заработува 1.100 долари по настап
Британската музичка компанија Ејџ-Ем-Ви под принудна управа
Британското кралско семејство летово со нов член
Откриена скулптура од 2 век во атарот на Тополчани
Јован Балов изложува во Берлин
„Мисија“ на Миле Костов, најдобар роман на конкурсот на „Ѓурѓа“
(ФОТО) „Арго“ го победи „Линколн“ на „златните глобуси“
Македонската филхармонија претставена на ИСПА во Њујорк
Настасја Кински - Не ми беше жал кога умре татко ми
(ВИДЕО) Џоди Фостер призна дека е лезбејка
Кореографката Шукарова на платформа за современ танц во Њујорк
(ФОТО) Се одржа 17. „Мичуринска средба“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, 5°C

Обилни врнежи

Петок
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C

Сабота
Делумно облачно
Макс: 7°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
„Маршот на Дрина“ во ОН ги навреди Бошњаците
Друштвото на иселеници од БиХ во САД тврди дека тоа е озлогласена и насилничка српска националистичка песна...
Уживам кога сум на сцена
Нина Дејан...
За „Роман на годината“ конкурираа 46 дела
Годинава во Редакцијата на „Утрински весник“ пристигнаа 15 романи повеќе од лани, што го отсликува зголемениот интерес, ...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |