18.01.2013, 09:49 Кина со економски раст од 7,8 проценти во 2012
Економскиоит раст на Кина забележа забавување до 7,8 проценти во 2012 година, поради надворешни и внатрешни негативни фактори, соопшти кинеската Национална статистичка служба.
Темпото на раст, кое е најслабото во изминатите десет години, бележи пад во однос на нивото од 9,3 отсто во 2011 година и 10,4 проценти во 2010 година.
Бруто домашниот производ во земјата се зголемил за 7,9 проценти во последното тримесечие по седум тримесечија едно по друго на постојано економско забавување. Во 2012. година БДП достигнал 8,28 билиони долари.
Кина очекува темпото на растот на економијата оваа година да изнесува 8,4 проценти.
|